Филм: Сојузници (Allied)

Филм: Сојузници (Allied)

Дали љубовта може да го преживее притисокот на војната?

(1) Филм: Сојузници (Allied)Режија: Роберт Земекис

Улоги: Брет Пит, Марион Котијар, Џеред Харис

Времетраење: 124 минути

Премиера: 1 декември 2016

Јазик: англиски

Жанр: акција, драма, романса

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 9,50 од 10)
Loading...

Дејството започнува во 1942 година со пристигнувањето на канадскиот агент за разузнавање, Макс Ватан, во Казабланка. Тој се запознава со Мариен Бојсежур, борец од францускиот отпор, која набрзо ќе стане негова партнерка на опасна мисија. Нивните наредби се да глумат дека се во брак со цел да не предизвикаат сомнежи додека се подготвуваат за мисијата. Со оглед на тоа што уште од првиот момент кога ќе се здогледаат се чувствува силна хемија меѓу нив, како и фактот дека толку длабоко ќе се посветат на својата улога како сопружници, беше едноставно неизбежно дека вистински ќе се заљубат. И покрај тоа што изгледа како нивните емоции да им го одвлекуваат вниманието, сепак тие успеваат да ја завршат својата мисија успешно.

(2) Филм: Сојузници (Allied)

Но, нештата не сопираат тука. Додека бегаат, Макс ја запросува Мариен и таа среќно ја прифаќа неговата понуда. Тие се враќаат во Лондон, каде што нивниот живот како да започнува од почеток – стапуваат во брак, Макс добива позиција во британската разурнувачка служба, а Мариен станува мајка. И од сите настани досега, има само еден момент што ќе ви се вреже во мислите, терајќи ве до самиот крај да се запрашувате дали Мариен е тоа што Макс и сите ние мислиме дека е. За време на свадбата, таа се насмевнува на многу чуден начин, давајќи ни до знаење дека можеби нејзината мисија сè уште не е завршена…

(3) Филм: Сојузници (Allied)

Нашите размислувања се потврдуваат откако Макс ќе добие предупредување дека постои сомнеж за лојалноста на неговата сопруга и дека има шанса таа да е германска шпионка. Тој набрзо добива нова мисија – да ја разоткрие вистината за својата сопруга и ако таа навистина е шпион, самиот да ја убие. Доколку не ја изврши својата мисија, му се заканува бесилка. Од овој момент дејството почнува да го следи Макс и до самиот момент нè држи во неизвесност. Перформансот на главните актери, Бред Пит и Марион Котијар, е едноставно беспрекорен и во комбинација со начинот на кој се раскажува оваа приказна добиваме богат и моќен филм што едноставно не смеете да го пропуштите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар