Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)

Еден настан и последиците кои ги чувствуваат повеќе генерации

Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Режија: Дерек Сајанфранс

Улоги: Рајан Гослинг, Бредли Купер, Ева Мендес, Емори Коен

Времетраење: 140 минути

Јазик: англиски

Премиера: 19 април 2013

Жанр: драма

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (25 гласа, просек: 7.44 од 10)

Loading...Loading...

„Местото зад боровата шума“ (The Place Beyond the Pines) е драма чии 140 минути се поделени на три различни делови, при што секој од нив ги опфаќа животните патеки на различни ликови, кои се испреплетуваат и си влијаат една на друга. Покажува како настаните кои некогаш се случиле оставаат последици кои се чувствуваат многу подоцна, пренесувајќи се и на идните генерации.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Почнува со сцените во кои каскадерот Лук Глентон (Рајан Гослинг) изведува разни опасни точки со мотор за еден патувачки циркус. Кога тој дознава дека Ромина (Ева Мендес) пред една година му родила син, останува во нејзиниот град со желба да направи сè што може за своето дете. Се вработува кај еден автомеханичар кој откако ќе ги забележи возачките способности на Лук му предлага заедно да ограбуваат банки, сметајќи дека со таков виртуоз на мотор никогаш нема да ги фатат. Размислувајќи што може да направи со тие пари за иднината на својот син, Лук прифаќа. Новиот „бизнис“ оди добро, сè додека по еден грабеж каскадерот не налета на полицаецот Ејвери Крос (Бредли Купер). Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Ејвери Крос е млад полицаец кој сака брзо да напредува во полициската хиерархија. Неговата амбициозност ќе го впушти во бескомпромисно извршување на полициската должност, така што кога ќе стигне до Лук, прави максимум за да го запре. Тоа се моменти кои засекогаш ги менуваат нивните животи и животите на нивните идни поколенија.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Ова е филм кој ги опсервира причините и последиците од настаните во еден подолг временски период, дава добар преглед врз нив и пренесува своја порака. Почетокот не е премногу забавен затоа што е малку бавен и може да не ви е јасно за што се работи во филмот. Тој полека ве воведува во проблематиката, така што треба малку трпение додека се внесете во него. Но, со почетокот на вториот сегмент од приказната добивате јасна слика за она што се случува и веќе оттука целосно ќе уживате во неговата непредвидливост.>Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Целата приказна е добро склопена и одлично изрежирана, дури делува многу реално, како да не се случува на филм. Покрај режисерот, и актерите имаат голема заслуга за тоа. Рајан Гослинг е импресивен во глумењето на мрачниот и енигматичен Лук Глентон, многу потсетувајќи на неговиот лик во „Возење“ (Drive). Подеднакво добар е и Бредли Купер, одлично претставувајќи ги сите дилеми и борби со самиот себе низ кои поминува младиот полицаец. Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)Сè на сè, „Местото зад боровата шума“ е извонреден филм. Тој е еден од подобрите што се појавија во последните неколку месеци и вреди да се погледне. Ако сте расположени да посветите повеќе од два часа на не баш лесен, но доста гледлив филм, ова е добар избор.Филм: Местото зад боровата шума (The Place Beyond the Pines)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Дац Reply

    многу добар филм, ќе те стави во состојба да размислуваш за многу работи :)

Остави коментар