Филм: Диктаторот (The Dictator)

Светскиот општествен поредок низ огромна доза хумор и сатира

Диктаторот (The Dictator)Режија: Лери Чарлс

Улоги: Саша Барон Коен, Ана Фарис, Бен Кингсли, Џејсон Манцукас

Времетраење: 83 минути

Јазик: англиски

Премиера: 16 мај 2012

Жанр: комедија

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (37 гласа, просек: 8.46 од 10)

Loading...Loading...


Нормално е да бидете скептични во врска со квалитетот на филм зад кој стои Саша Барон Коен, имајќи го предвид дрското навредување на Казахстанците во „Борат“, но овојпат ве чека една сосема поинаква комедија. „Диктаторот“ е сатира полна со критика за светскиот општествен поредок прикажана преку неколку урнебесно смешни ситуации.

Барон Коен овојпат го толкува ликот на диктаторот Адмирал Генерал Аладин, големиот лидер кој авторитарно владее со среќно репресираниот народ на измислената држава Вадија. Тој, всушност, е спој на Садам Хусеин, Моамер Гадафи и Ким Јонг Ил. Претставен е како комплетна спротивност на денешните демократии, во прв ред американската, но овој филм е далеку од про-западна пропаганда. Кога најмалку очекувате Саша Барон Коен генијално ќе ги исмее состојбите во современото општество кое толку многу се глорифицира во неговата Америка.



Приказна: Почетокот на филмот поминува со портретирање на Адмирал Генерал Аладин, диктаторот на Вадија. Тој е незрел, детинест и не баш интелигентен владетел кој со своите фрустрации се справува преку малтретирање на сите околу него. Тоа сликовито ќе биде прикажано преку урнебесно смешниот разговор со инженерот Надал, кој развива нуклеарна бомба која треба Израел да го срамни со земја. Надал ќе му се спротистави на неговите откачени барања и затоа Аладин ќе нареди да биде убиен.Диктаторот (The Dictator)Диктаторот (The Dictator)Вадија располага со огромни неискористени количини нафта, но Аладин не сака ниту да чуе да ги продаде на странските компании и покрај настојувањата на неговиот вујко и советник Тамир (Бен Кингсли). Во ситуација кога Вадија развива нуклеарно оружје, а во исто време нафтените полиња се недостапни за Америка, НАТО ќе се закани со бомбардирање. Тоа може да се избегне само ако Аладин се согласи да потпише нов устав со кој неговата земја ќе стане демократска. Затоа гордо ќе пристигне во Њујорк на собрание на Обединетите Нации со намера да образложи колку е среќен репресираниот народ на Вадија благодарение на неговата прекрасна диктатура и дека нуклеарната програма служи само за мирољубиви цели.Диктаторот (The Dictator)Диктаторот (The Dictator)Таму, во сплет на околности предизвикан од Тамир, Аладин ќе ја загуби препознатливата брада и нема веќе да личи на себе. Толку е непрепознатлив што дури ќе се измеша со толпата која протестира против неговиот режим. За тоа време се емитува говорот на неговиот двојник, според кој за пет дена големиот лидер ќе потпише демократски устав и диктатурата ќе ја замени со демократија. Аладин ќе падне во очај. Смета дека неговиот народ ужива во неговиот режим и жали за него. Од тој момент Аладин ќе тргне во херојски и смешен поход за враќање на изгубената власт. Ќе ја има  помошта на неколку луѓе, меѓу кои и Зои, наивна феминистка и активист за човекови права, која нема да го препознае големиот диктатор.Диктаторот (The Dictator)Диктаторот (The Dictator)Кога и како да го гледате: Филмот е многу смешен и лесен за гледање. Гледајте го во кој било дел од денот, во каква било атмосфера, и онака на крајот ќе бидете одлично расположени. Идеален е за гледање во друштво, затоа што нема подобар начин да се доживее такво урнебесно сценарио кое ќе ве насмее до солзи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Aleksandar Reply

    филмов е значи прејак. Имам плачено од смеење. Нешто што не смее да се пропушти

Остави коментар