Факти и занимливости за серијата „ИМЗ: Мајами“

Факти и занимливости за серијата „ИМЗ: Мајами“

Серијата „Истрага на местото на злосторството: Мајами“ (CSI: Miami) започна да се снима во 2002 година, а сега се работи на нејзината 10 сезона. Во просек е гледана од околу 15 милиони гледачи само во САД, а за нејзиниот успех говори и долгата листа на награди и номинации. Екипата е составена од глумците Дејвид Карузо, Емили Проктер, Адам Родригез, Канди Александер, Џонатан Того, Рекс Лин и Ева Лару. Досега се снимени 220 епизоди, кои траат по 43 минути.Факти и занимливости за серијата „ИМЗ: Мајами“ (CSI: Miami)1. Многу често во серијата се приведува некој осомничен поради тоа што некој пиштол ќе се поврзе со него, преку серискиот број или преку отпечатоци од прстите. Смешно е тоа што сојузната држава Флорида нема никаков закон според кој се води регистрација на огнени оружја.

2. Иако сцените од серијата кои се направени од високо и на кои се гледа градот се снимени токму во Мајами, Флорида, сепак оние кои се одвиваат на плажи, се снимани на плажата Менхетен која се наоѓа во едно предградие на Лос Анџелес.

3. Ѕвездата на „ИМЗ: Лас Вегас“, Вилијам Петерсен, добил понуда да биде режисер на шоуто. Сепак, тој ја одбил понудата.

4. Во серијата најчесто се употребува храна за да се симулираат повреди (како на пример кожа од печено пиле за изгореници).

5. Улогата на Хорацио Кејн најпрво му била понудена на Дон Џонсон.

6. Иако градот Мајами е населен од 35% кубанско население, сепак, во серијата Адам Родригез (Ерик Делко) е единствениот глумец со такво потекло.

7. Иако поголемиот дел од техниките и технологијата која се употребува при истрагите во серијата се вистински, сепак продуцентите признаваат дека погрешно е претставено времето кое е потребно за да се добијат резултатите од нешто. Во серијата сè може да се добие за неколку часа, додека во реалноста понекогаш треба да се чека од неколку дена до цела недела.

8. Емили Проктер (Кали Дукејн) во сите епизоди досега има носено различен кармин.

9. Дејвид Карузо (Хорацио) во вистинскиот живот обожава јахти и цигари.

10. Адам Родригез пред да стане глумец, бил брокер. Како мал сакал да стане професионален бејзбол играч, сè додека не се здобил со сериозна повреда додека бил во средно училиште.

11. Џонатан Того (Рајан Волф) во средно училиште имал свој панк бенд, а работел и како шанкер во Њујорк.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

http://en.wikipedia.org/wiki/David_Caruso


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар