Биди малку јас (Change Up)

Замената (The Change-Up)

Филм за тоа колку често посакуваме да живееме нечиј друг живот, а притоа не сме ни свесни дека и покрај сите плусови и минуси, најубаво ни е во сопствената кожа

Замената (The Change-Up)Режија: Дејвид Добкин

Улоги: Џејсон Бејтман, Рајан Рејнолдс, Лесли Ханд, Оливија Вајлд

Времетраење: 112 минути

Јазик: англиски

Премиера: 5 август 2011

Жанр: комедија

Наша оценка: 5/10

Ваша оценка: [ratings]

————————————————————————————————————————————————-
Дојден е крајот на една филмска ера и тоа сигурно многу одамна ама не сме ни забележале. Зборувам за времето кога гледавме „Монти Пајтон“, комедии од Вуди Ален или пак во нашите екс-ЈУ простори, „Топ листа надреалиста“ и мислевме дека тој интелигентен, критички хумор е нешто сосема вообичаено.

Иако логично е да се претпостави дека работите со тек на времето треба да одат напред наместо наназад, реалната ситуација зборува нешто поинакво. Сега имаме илјадници комедии кои се базираат на неуспешен секс, голема и мала нужда, срамни влакна и што ли уште не.

Искрено не знам зошто токму комедијата „Замената“ го заслужи мојот гнев, но сторијата досега преџвакана многу пати и не многу инвентивните шеги, сигурно си го направија своето. Не сакам да звучам песимистички, уште утре може да нè изненади нешто тотално оригинално и тоа не мора да биде ново уметничко ремек дело. Дадете ни барем некои нови „Ејс Вентура“ или „Глупав и поглупав“.

Минатата недела беше еден од трите викенд-предлози. Овој пат, навлегуваме во деталите…
————————————————————————————————————————————————-

Содржина: Мич и Дејв се најдобри пријатели уште од деца, но денес имаат сосема различни животи. Мич не работи и сè уште живее како тинејџер, по цели денови пуши марихуана и ужива. Дејв пак, иако е успешен адвокат, комплетно е растргнат помеѓу работата и обврските дома (има три мали деца и сопруга). Една ноќ тие излегуваат во бар, се опијануваат, мочаат во една фонтана, по што секој од нив се буди во телото на пријателот. Мич е во телото на Дејв, а Дејв е во телото на Мич.

Ако ви звучи познато – да, има огромен број филмови со оваа тематика, но мене последен што ми текнува со речиси идентична содржина е „Откачениот петок“ со Џејми Ли Кертис и Линдзи Лохан. Како што може да се очекува, остатокот од филмот е трка да се разреши ситуацијата што е можно побрзо, доаѓање до чудни сознанија за себе, како и за туѓиот живот и слични, повеќе или помалку, предвидливи моменти.Замената (The Change-Up)Замената (The Change-Up)Главните актери во филмов, Бејтман и Рејнолдс добро си ја тераат нивната работа и доволно нè забавуваат нас гледачите, но не оставаат особен впечаток со нивните улоги. За тоа се можеби виновни сценаристите Џон Лукас и Скот Мур, кои стојат и зад „Мамурлак“, која пак, слободно можеме да кажеме дека е една од (ретките) попристојни комедии во последниве неколку години. Во споредба со овој филм, „Замената“ не е нешто особено смешен и нема некоја креативна замисла, но е доволно забавен за да ви ја разведри оваа петочна вечер.Замената (The Change-Up)Кога и како да го гледате: Во зависност од вашиот карактер и ставот околу елементите кои редовно се употребуваат во современите комедии за да го направат еден филм смешен, оваа може да ви биде прилично интересна и комична или да ве остави тотално разочарани, поради „веќе виденото“ сценарио. Останува на вас да го изгледате вечерва и потоа да го споделите со нас вашето мислење.

Исто така, не заборавајте да појдете и на фестивалот на европски филм „Синедејс“ (PDF) и да погледнете некое добро филмче
Замената (The Change-Up)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук