Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)

Филм за семејните тајни и интриги и за добрата истражувачка работа

Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)Режија: Дејвид Финчер

Сценарио: Стивен Заилијан

Улоги: Даниел Крејг, Руни Мара, Кристофер Пламер, Стелан Скарсгард, Робин Рајт, Горан Вишњиќ…

Времетраење: 158 минути

Јазик: англиски

Премиера: 21 декември 2011

Жанр: трилер, криминалистика, мистерија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (36 гласа, просек: 9.47 од 10)

Loading...Loading...


Познатата трилогија на шведскиот новинар и писател Стиг Ларсон, наречена „Миленуиум“, во 2009 година веќе беше овековечена во серија од 6 шведски филмови, по два за секоја од книгите, кои беа во продукција на студиото „Yellow Bird“ во соработка со неколку други компании. Со вкупна заработка од 215 милиони американски долари, филмовите направија вистински бум секаде низ светот.

Но, оваа американска адаптација на првата книга, која покрај со овој наслов често може да ја сретнете преведена и како „Мажи кои мразат жени“, неслучајно по само еден месец од првото прикажување е веќе кандидат за Оскар во 5 категории, вклучувајќи ја онаа за најдобра женска улога. Напнатата, возбудлива и мистериозна приказна со многу пресврти му донесе на овој филм моментална заработка од 185 милиони американски долари.



Кратка содржина: Микел Блумквист е новинар кој заработува тешка парична казна за клевета против богатиот бизнисмен Венестром. Пресудата не само што дебело му го празни банкарското конто, туку и му го нарушува угледот на него како новинар и на магазинот во кој тој работи.

Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)

Но, и покрај неговиот неуспех со правниот проблем, тој добива фантастична шанса да ги докаже неговите истражувачки способности. Нему му е понудено да се обиде да го расветли убиството на внуката на Хенрик Вагнер, Хариета. Проблемот е во тоа што нејзиното исчезнување се случило пред 40 години. Бидејќи семејството Вагнер поседува цел остров, од којшто исчезнува Хариета, тој е поканет на самиот остров да го прави своето истражување, а пополека да ги запознава сите членови на овој моќен клан. Предупреден дека секој член од ова семејство е доволно луд и чуден сам по себе, неговото истражување со секоја нова трага добива нова димензија.

Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)

Во истрагата му се приклучува и хакерката Лизбет Саландер, која со својот андерграунд изглед и начин на ладно и неприродно однесување, го прикажува тешкиот живот кој го имала. Одличниот спој на двајцата фантастични истражувачи, секој со своите методи, допринесува да дојдат до многу интересни откритија, а тајните и интригите кои ги криe ова семејство ќе ве одржуваат постојано да следите со внимание.

Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)

Кога и како да го гледате: Филмот трае многу долго, 2 часа и 38 минути, па токму затоа препорачливо е да го гледате добро одморени, за да ги следите сите детали сконцентрирано. Доколку имате можност да појдете во кино, таа опција ви е најпрепорачлива, во спротивно почекајте неколку месеци да се појави филмот на добра снимка.

Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)Девојката со тетоважа на змеј (The girl with a dragon tattoo)

Продолжение на филмот: Како што веќе напоменавме во воведот, овој филм е првиот дел од трилогијата, па така за 2013 година е најавен вториот дел „Девојката која си играше со оган“ (The Girl Who Played with Fire) на кој интензивно се работи.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. B. Morgan Reply

    Kolku samo so Michael Nyqvist i so Noomi Rapace e podobarr…

  2. eli Reply

    Verojatno B.Morgan e vo pravo, jas gi gledav trite dela od svedskata originalna verzija, i filmovite se fenomenalni. Retko dobar film, so izdrzana prikazna, sekoja cest. A po pretpostavka stalno originalot e podobar od kopijata, taka da…ne mora da se ceka 2013 za da se gledaat drugite 2 dela :)

  3. She Reply

    shvedskata* verzija e podobra definitivno!!!

  4. Simona Reply

    se soglasuvam so prethodnite 3 komentara, pravilnata verzija e podobra

  5. bube Reply

    kade mozam da gi najdam trite dela ??

  6. Дино Reply

    Сеуште не сум ја гледал оваа верзија на првиот дел на шведската трилогија,но сепак се сомневам дека е подобра од вистинската со Michael Nyqvist и Noomi Rapace…

  7. Sanja Reply

    Citav dosta dobri kritiki za filmot i preporaki da se gleda, sinoka go gledav i OK e!!!

Остави коментар