Скорпија и девица – љубовна комбинација

Она што ја одржува љубовната врска помеѓу скорпија и девица е кармата која што ја создаваат овие партнери кога се во заедница. Тие се многу лојални еден кон друг и длабоко се поврзани на емотивен план. Во принцип, овој пар преферира да стои настрана од гужви. Тие не се многу склони кон журкање и играње. Но кога се сами, тие можат да оформат хармонична унија која психички и емоционално ги исполнува.Скорпија и девица - љубовна комбинацијаТие функционираат одлично и како бизнис тим. Девицата сака да наредува, а скорпијата да се чувствува моќно. И на двата знака им е важно богатството, вклучувајќи имот и средства за подобар живот. Овој пар е омилен кај нивното друштво, бидејќи тие во секој момент се спремни да подадат рака на секој свој близок пријател.

Но и во овој пар постојат одредени недоразбирања. Девицата понекогаш знае да биде повлечена, а скорпијата да биде нејасна. Како резултат на нивната нееднаквост, двата партнери можат да научат многу еден од друг, ако се согласат „да се сретнат на половина пат“. Девицата е предводена од планетата Меркур, а скорпијата од Марс и Плутон. Помеѓу овие два знака постои специфична сексуална енергија, поради влијанието од планетата Плутон. Тие го формираат темелот на сите љубовни врски – Меркур ја збогатува нивната комуникација, а Марс ја разгорува страста.

Во оваа врска, девицата е свесниот ум, а скорпијата ја создава романтиката и страста. Скорпијата е жестока, немирна, остра, интензивна и длабока личност, а девицата ја привлекува токму таа нејзина енергија. На скорпијата која е практично неразделива од својот партнер ѝ е потребна лојалност од страна на девицата. Скорпијата е длабока како океан и премногу „бранови“ можат да предизвикаат јака бура. Таа вообичаено ги крие своите емоции како во школка, но кога притисокот ќе стане премногу голем таа може одненадеж да експлодира.

Заедничката потреба на скорпијата и девицата за емотивна сигурност ги охрабрува да бидат екстремно лојални еден спрема друг. Но додека девицата знае да биде премногу површна, скорпијата се обидува да навлезе во суштината на работите. Таа може да ѝ покаже на девицата како да научи да гледа под површината на работите, а девицата е доволно внимателна за да ја улови поентата на разговорот. За возврат, девицата може да ја соочи скорпијата за реалните факти. Овие партнери понекогаш знаат да бидат многу буквалисти, поради што можат да го пропуштат соочувањето со вистинските вредности.

Скорпијата ја цени практичноста на девицата, а девицата ужива во преданоста на скорпијата, бидејќи тоа ѝ покажува дека е љубена и ценета. Кога овие партнери имаат заедничка цел ништо не може да застане на нивниот љубовен пат. Кога недоразбирањата застануваат помеѓу нив, поволно е тоа што девицата е доволно прилагодлива и се повлекува еден чекор назад за да го избегне можниот конфликт. За разлика од неа, скорпијата сака да биде по нејзино како резултат на нејзината тврдоглавост.

За овие партнери е клучно да дискутираат за она што им е навистина важно, за и двајцата да имаат еднаква улога во врската. Во оваа врска конфликтите се избегнуваат, бидејќи овие два хороскопски знаци попрво би избрале да функционираат, отколку да се караат. Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е способноста на партнерите да ги спроведат во дело нивните заеднички цели. Посветеноста, приврзаноста и организираноста на овие партнери, ја прават оваа врска хармонична.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    PA NE MI SE VERUVA KAKO JAS DA SUM IM KAZALA!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

  2. blerim Reply

    tocno samo devicata e dosadna neznajt shto sakat sakat nekoj raboti da gi skrijat jas altomatski mu gi citam namerite i imat jaka raspravija i normalno izlegvit pobednik skorpijata

  3. Amy Reply

    blerim ako vo tvojot slu4aj bilo taka, nemora da zna4i deka site devici se takvi

Остави коментар