Надворешниот изглед на скорпијата

Надворешниот изглед на Скорпијата

Општи карактеристики

Скорпијата лесно можете да ја препознаете врз основа на нејзините физички карактеристики, бидејќи постојат неколку фактори кои го прават овој знак доста препознатлив и специфичен.

Има два типа на Скорпии. Едниот тип се ситни со нежни црти на лицето. Другиот тип се покрупни, а нивните црти се истакнати и јаки. Носот на Скорпиите е најчесто прав, без грпка и не е подвиткан навнатре на крајот. Напротив, пропорционално се стеснува на врвот.

Надворешниот изглед на скорпијата

Скорпиите во профил

Профилот на Скорпиите е најчесто многу правилен. Повторно ќе спомнеме, нивниот нос е прав и испакнат и делува како буквално да го покажува правецот на нешто кон кое Скорпијата сака да ви го привлече вниманието. Впрочем, еден од симболите на хороскопскиот знак Скорпија, е орелот.

Надворешниот изглед на скорпијата

Очите на женските Скорпии

Без разлика на бојата на очите, очите на жените родени во знакот Скорпија се предизвикувачки, впечатливи и специфични. Ќе ги препознаете овие очи бидејќи тие изгледаат како стаклени. Очите се заштитен знак на Скорпијата, бидејќи ги штитат нејзините мисли. Додека таа ве освојува со нејзиниот „убиствен“ поглед, вие ќе бидете немоќни да сфатите што се крие зад нив.

Надворешниот изглед на скорпијата

Очите на машките Скорпии

Машките претставници на овој знак, ја делат истата карактеристика со женските – „стаклениот поглед“. Кога гледате во неговите очи, е исто како да се гледате себеси во огледало. Овие очи ќе ве натераат да останете да гледате во нив подолго време, за да се трудите залудно да ги откриете неговите мистериозни мисли.

Надворешниот изглед на скорпијата

Секогаш во акција

Скорпијата е борбен знак, кој ужива екстремно да се напрега за да си докаже себеси дека ќе успее да го реализира тоа што доволно го посакува. Можеби звучи како карактеристика која не би посакале да ја имате, но во суштина таа е многу здрава за Скорпијата. Скорпиите во себе кријат толку многу емоции и во остварувањето на нивните планови и цели тие мораат да се туркаат себеси до работ, со цел да се чувствуваат здраво. Во спротивно, можат да им се случат непосакувани психолошки блокади.

Надворешниот изглед на скорпијата

Омилени бои на Скорпијата

Скорпиите ја сакаат црната боја и тие често се облекуваат од глава до петици во оваа боја. Црната боја во светот на модата е често нарекувана „никаква боја“, но Скорпијата умее да ја култивизира и носи на еден префинет начин, кој ѝ дава елеганција и грациозност и ѝ помага да ја истакне нејзината „рендгенска визија“. Луѓето родени во овој знак, ја преферираат оваа боја, бидејќи им помага да бидат „невидливи“. Скорпиите најчесто имаат и дузина виолетови парчиња облека.

Надворешниот изглед на скорпијата

Црвена е уште една омилена боја на Скорпиите, но не е нивни чест избор за облека. Управувана од планетата Марс, скорпијата облекува црвена облека кога е подготвена и решена да стапи во акција.

Искрена насмевка

Кога Скорпијата се смее, таа се смее од срце. Нејзината искрена насмевка е широка и прави да се чусвтвувате добредојдени во нејзина близина.

Надворешниот изглед на скорпијата

Сексапил со кој е тешко да излезете на крај

Дури и кога не се трудат да бидат секси, овие луѓе имаат некоја магнетска привлечност од која блика сексуална енергија. Друг клучен фактор за нивната „сексуалност“ е тоа дека тие на некој начин изгледаат „опасно“. Генерално, на Скорпиите опасноста им претставува предизвик.

Надворешниот изглед на скорпијата

Љубопитни истражувачи

Скорпијата не можете, а да не ја забележите, бидејќи тој/таа или ќе зјапа во нешто, напнато ќе се обидува да пронајде нова тема за размислување, ќе пишува или фуриозно ќе црта. Многу припадници на овој знак работат како адвокати, детективи или во ургентна служба, бидејќи им е удобно да се справуваат со „темната страна“ на животот.

Надворешниот изглед на скорпијата

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.