Како да го освоите Стрелецот по кој копнеете?

Мажите родени во хороскопскиот знак Стрелец се весели, палави, забавни и паметни личности. Некои од нив се големи „филозофи“, други се шегаџии, трети се комбинација од претходните две, но во секој случај стрелците поседуваат еден куп интересни карактеристики поради кои не можете, а да не ги сакате. Тие не можат да останат на едно исто место долго време и се секогаш во потрага по некоја нова авантура која ќе им го забрза пулсот на срцето. Во продолжение следуваат карактеристики кои ги одбележуваат машките стрелци.

Вешти и брзи

Овие мажи се агилни и во телото и во умот. Секогаш се подготвени да научат нови работи, да се усовршат во спортовите и снаодливо да се извлекуваат од напнати и „затегнати“ ситуации. Тие се вешти и паметни личности, кои сакаат добро да се запознаени со одредена тема, пред да се вклучат во дискусија за истата.

Како да го освоите стрелецот по кој копнеете?

Филозофи

Стрелците се познати по тоа што за себе мислат дека се непогрешливи и сакаат да го споделуваат нивниот филозофски поглед кон животот на секој што ќе им „влета“ на патот. Ако сакате да освоите некој Стрелец, остварете контакт со очи и за кратко тој ќе почне да ве распрашува од каде сте, кои сте, што правите таму и сл. Откако ќе ги прецизира податоците кои му се потребни за вас, тој ќе побара ваше мислење за одредена тема и кога ќе се обидете да го лансирате вашиот став, тој шармантно но вешто ќе ве пресече додека зборувате и ќе ви го побие вашиот став со сопствениот. Вие дури нема ни да го забележите тоа, бидејќи ќе бидете обземени од неговиот добар изглед, шармантна насмевка и вулканска пасија за стекнување знаење и вештини.

Како да го освоите стрелецот по кој копнеете?

Забавни личности

Некоја привлечна енергија секогаш кружи околу Стрелецот. Тој не само што успева да пронајде забава во сè, туку обожава да ги развеселува и расположува другите луѓе.

Ништо не го депримира Стрелецот повеќе од намуртени луѓе. Тој веднаш ќе почне да се однесува будалесто и ќе проба да ве насмее за да ви го подобри расположението, но ако не му успее, тој ќе се повлече. Стрелецот не гледа поента во залудно потрошеното време со вас, ако вие го влечете со вас во меланхолично расположение. Тоа е последното нешто кое тој го сака.

Стрелецот на љубовен план

Многу арно не е на арно

Ако вашето момче е Стрелец, по извесно време може да почнете да чувствувате дека оние работи кои најмногу ви се допаѓале кај него на почетокот, се истите кои сега „ве вадат од кожа“.

  • Неговата темпераментност може да почне да ве нервира: „Зошто никогаш не можеш да седиш мирно?“
  • Од неговите филозофски реченици може да посакате да врискате: „Зошто не можам да добијам конкретен одговор?“
  • А неговата авантуристичка страна, може да се претвори во прашања од ваша страна од типот: „Зошто никогаш не знаеш да бидеш сериозен?“

Како да го освоите стрелецот по кој копнеете?

Тајминг

Промената во однесувањето на Стрелецот настанува кога врската се задлабочува и односите стануваат посериозни. Ништо нема да направи Стрелецот побрзо да избега од својот партнер, од сериозното приврзување. Последно нешто кое сака да му се случи на љубовен план, е од брз тигар да го претворите во куќен мачор. :)

Неговото срце може да се освои

За да го освоите овој човек, потребно е да го примамите со ветување дека никогаш ништо нема да се смени, дека вие двајца секогаш ќе се забавувате, ќе бидете безгрижни и подготвени за секој предизвик кој ќе ви застане на патот. Доколку успеете да направите тој да се почувствува дека врската со вас ќе биде најзабавното и највесело животно патување, Стрелецот ќе има волја да се „врзе“. Патот до освојување на неговото срце не е лесна задача, но ако се потрудите често да ја одржувате насмевката на вашето лице кога сте со него, тој ќе почне да се фаќа на мамката. Верувајте, ова момче е вредно за да се потрудите околу него.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ана Reply

    Чејс Крофорд што сте го ставиле на почетната страна, поврзан со статијава е рак а не стрелец.

  2. Кафе Пауза Reply

    Не е поврзан со статијава, туку чисто е ставен како симбол на авантуристички дух, каков што е стрелецот :)

    • Ана Reply

      Тогаш дефинитивно сте го одбрале човекот :)

  3. Boban Reply

    Vakvi sme…. :-))

  4. Колина Reply

    Ќе може да ставите статија за жена-стрелец?

    • Кафе Пауза Reply

      Да, да ќе има и за жена, во текот на наредната недела. Поздравче

      • J Reply

        Still waiting…

        • Кафе Пауза Reply

          :) Нема уште долго. Во понеделник ќе го објавиме профилот за жени стрелци. Поздрав

  5. Маж Стрелец Reply

    Нема шо да има за ЖЕНА стрелец статија! Не ги бива, мрш!
    – Маж Стрелец

  6. Ana Reply

    Bi sakala da procitam statija i za maz-rak :)

    • Кафе Пауза Reply

      Ана за сите знаци пишуваме профили, комбинации и разни други астролошки текстови, но во согласност со периодот кој се однесува на конкретниот знак. Од 21 јуни до 22 јули трае периодот на раковите и тогаш ќе имаш можност да прочиташ се што те интересира во врска со тој знак. Во меѓувреме можеш да ги прочиташ комбинациите рак-вага, рак-скорпија и рак-стрелец, кои досега се објавени, како и занимливите астролошки текстови во кои е разработена одредена тема за сите 12 знаци, а се објавува на kafepauza.mk секоја недела. Поздрав

  7. A. Westwick Reply

    А даки ќе може да кажите комбинација за стрелец – јарец? Благодарам!

  8. M Reply

    Strelec – strelec ?

  9. trucker Reply

    bravo za statijata….takvi sme!!! :):):)

  10. maci Reply

    ist sum u pm ,furajte si i kulirajte:)))

  11. maci Reply

    ja mislam deka kafe pauza e strelec:))))

  12. Martina Reply

    А ќе можите да ставите статија за овен-вага ?

  13. filip Reply

    potpolno istiot kako vo tesktot :))

  14. MARTIN Reply

    bravo za tvoeto mislenje MACI JAS SUM STRELEC A KAFE PAUZA NEZNAM USTE E NA PAUZA POSLE 10 DOAGA HEHE

Остави коментар