Уф, колку е убав светот…

31 мај, 2012 0 коментари од

Ова е еден од оние кратки филмови кои со секој свој кадар се обидуваат да ви кажат дека светот е преубав. Филмот се вика „Света Земја“ (Terra Sacra) и претставува колаж од фотографиите на канадскиот фотограф Шон Вајт. Тој има работено за многу познати медиуми, како на пример „National Geographic Channel“, „Discovery Channel“, „History Television“, „BBC“, „Outside Magazine“ и многу други. Многубројните патувања биле дел од неговите ангажмани, па во текот на кариерата направил многу фотографии кои сега ги споил во овој прекрасен филм.Уф, колку е убав светот…Фотографиите се направени во последните шест години, од 2006 до 2012 година, во 24 земји на сите седум континенти. Во колажот има спектакуларни пејзажи од Австралија, Боливија, Антарктикот, островот Сокотра, Камбоџа и многу други, надополнети со некои од најубавите антички споменици. Пуштете на цел екран и уживајте!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Арт и дизајн, Филм, Филм и ТВ

Тагови: , , , , , , ,

За авторот

Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.
0 коментари за “Уф, колку е убав светот…”

Остави коментар

Можеби ќе ве интересира:
Ефектите на кофеинот
Ефектите од кофеинот

Факти за здравјето откриени со најновите истражувања
Факти за здравјето откриени со најновите истражувања

Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав
Едноставни цртежи спакувани во тага и заборав

Close