Спектакуларен хотел под вода на Малдивите

8 јули, 2011 8 коментари од

Спиењето под вода помеѓу живиот воден свет, е нешто за кое секој од нас би можел само да сонува. Но за некои среќни туристи, со „подлабоки џебови“, овој сон сега може да постане реалност.Спектакуларен хотел под вода на МалдивитеПред нешто повеќе од пет години хотелот Конрад Малдиви, кој се наоѓа на островот Рангали, го отвори првиот ресторан под вода. За да ја прослават петгодишнината, сопствениците сега на нивните гости им ја нудат можноста, не само да ручаат гледајќи во морското совршенство, туку и да заспиваат гледајќи во распливаните рипчиња. Ресторанот со дванаесет места за седење, кој се наоѓа на 5 метри под нивото на Индискиот океан, беше преобразен во приватна спална соба за двајца, во која на гостите им се носи шампањско, вечера и појадок во кревет. Погледот кон живописниот корален гребен низ чистиот таван од плексиглас, просто го одзема здивот. Спектакуларен хотел под вода на МалдивитеРесторанот пак, покрај тоа што нуди неверојатна глетка која најверојатно никогаш нема да исчезне од вашите спомени, располага со богато мени од малдивската кујна. Исто така, се шират гласини дека за време на ручек, во ресторанот е толку светло, што гостите и персоналот мораат да носат очила за сонце. Вработените дури носат резервни очила за сонце в рака и нудат услуга за нивно забришување. Звучи неверојатно, но сигурно ќе се сложите дека гледањето на изгревот на Сонцето со појадок во кревет или вечерањето во друштво со Месечината е уште поспектакуларно искуство!?Спектакуларен хотел под вода на МалдивитеСпектакуларен хотел под вода на МалдивитеОстатокот од одморалиштето кој е над океанското ниво, исто така не е воопшто мизерен. Овој хотел лоциран на Малдивите може да се пофали со 50 луксузни вили во вода, 79 вили на плажа и 21 фабулозни спа-вили во вода, со приватни соби за третмани. Воодушевувачките апартмани за летување, се опколени со прекрасен двор, со фонтана, а огромната рајска тераса покрај океанот, уште повеќе го зачинува тропскиот „шмек“, покрај стаклените врати кои се замена за ѕидови и генијалното уредување кое обезбедува тотална изолација од остатокот од светот. Епа, доколку навистина постои Рај, тогаш дефинитивно би изгледал вака.Спектакуларен хотел под вода на МалдивитеСпектакуларен хотел под вода на МалдивитеСпектакуларен хотел под вода на МалдивитеСпектакуларен хотел под вода на Малдивите


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Арт и дизајн, Занимливости

Тагови: , , , , , , , ,

За авторот

Новинарка по професија и исклучително љубопитна девојка со истражувачки дух, вечно во потрага по доза креативност. Кафе пауза ми ја оживува страста и ми дава можност секој ден да учам нешто ново. Животно мото ми е дека без кафе и по некоја испеана песна, не смее да ми помине ниту еден ден. Обожавам тимска работа, музика, филм и уметност во сите облици. Верувам дека добриот совет и астрологијата ми помагаат да се разберам себеси и светот околу мене. Неостварен сон - да го прошетам светот.

8 коментари за “Спектакуларен хотел под вода на Малдивите”

  1. Mihaela says:

    uf sto uboo…. i kolku e edna vecer ovde?

  2. ruzica says:

    Kolku cini zadovolstvovo ??

  3. Katerina says:

    Јас тука око нема да можам да склопам :S

  4. daniel says:

    tuka rezervirav 7 dneven odmor za ovaa godina….ne koshta mnogu,isto kako u ohrid,edna vecer 350 denari :) ))))

  5. suzana says:

    ostanav zanemena pred volku ubavina.

  6. Elena says:

    Tuka vecherash i 2-3 ajkuli ti visat nad glaa ligite mu techat :P

  7. Име says:

    Последната слика не е од Малдиви, таму нема планини :)
    Најверојатно е од Бора Бора

Остави коментар

Можеби ќе ве интересира:
35 нешта од кои вреди да се откажете во животот
35 нешта од кои вреди да се откажете во животот

Игра на неделата: Пронајди го излезот
Игра на неделата: Пронајди го излезот

Љубовен астролошки профил за машки стрелци
Љубовен астролошки профил за машки стрелци

Close