Невообичаена примена на уличните дупки

Секој од нас се обидува да ги избегне уличните дупки. Кога одиме пеш, ги избегнуваме бидејќи ни е страв да не паднеме и да се утепаме или да се „удавиме“ во вирот ако претходно врнело и дупката се наполнила со вода. Кога возиме автомобил пак, ги избегнуваме, бидејќи се трудиме да не го скршиме, а ако се случи да поминеме преку дупка, се нервираме. Наместо да се фрустрираме од нив, монтреалските сопрузи Клаудија Фича и Дејвид Лучијано одлучиле да ни дадат причина да им се насмевнеме на овие досадни дупки на улиците. Невообичаена примена на уличните дупки.

Откако удривме во улична дупка во нашето маало, се инспириравме да ги претвориме овие фрустрирачки дупки во нешто „корисно“ и хумористично. Го започнавме проектот на начин што ние бевме моделите во фотографиите (сцената со перењето алишта на ул. Урбан). Ја пронајдовме совршената дупка на нашата улица, го наполнивме багажот со облека, детергенти за перење, вода, решетка за сушење.

Невообичаена примена на уличните дупкиПотоа Клаудија почнала да пере на рака во дупката на улицата, а маж ù Дејвид ја фотографирал (слика 6). Следната сцена им била кога Дејвид гмечи грозје со нозе во дупката за да направи вино на ул. Зотик (слика 12).Невообичаена примена на уличните дупкиСопругот и сопругата ги повикале нивните пријатели да се вклучат во овој навистина несекојдневен проект и заеднички создале неколку неверојатно креативни сцени покрај уличните дупки. Потоа продолжиле да прават фотографии од истава серија, но во различни градови ширум светот, вклучително Монтреал, Торонто, Њујорк и Лос Анџелес.Невообичаена примена на уличните дупкиИнтересното во фотографиите на овие брачни партнери, е нивната способност да раскажат една уникатна и сеопфатна приказна.Невообичаена примена на уличните дупки.

Овој проект го започнавме за да го прикажеме на еден хумористичен начин проблемот со уличните дупки кој го имаме во Монтреал. Притоа, сфативме дека понекогаш не можеме да ги промениме работите кои не фрустрираат, (како на пример уличните дупки) но затоа ја имаме моќта да ја смениме нашата перцепција во однос на тие работи. Токму ова е целта на нашиот проект.

Невообичаена примена на уличните дупкиКлаудија и Дејвид на амбициозните фотографи им советуваат да не дозволат стравот да ги уназадува и да ги следат своите соништа.Невообичаена примена на уличните дупкиНевообичаена примена на уличните дупкиНевообичаена примена на уличните дупкиНевообичаена примена на уличните дупкиНевообичаена примена на уличните дупкиНевообичаена примена на уличните дупкиНевообичаена примена на уличните дупкиНевообичаена примена на уличните дупкиНевообичаена примена на уличните дупки


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Kost Reply

    Neka dojdat vo Makedonija, ovde imaat kade i na sto da ja iskoristat kreativnosta

Остави коментар