Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од рак

Овој проект е неверојатно смешен и инспиративен во исто време. Во 2003 година, кога Боб Кери и неговата сопруга се преселиле на Источниот Брег на САД, Кери го започнал својот проект „The Tutu Project“ со цел да ги помеша неговиот стар и нов начин на живот, со розова тантела.Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракШест месеци откако се преселиле, неговата жена Линда открила дека има рак на дојка. Оттогаш, Линда се бори со болеста, а Боб ја пренасочил неговата фотографија кон собирање пари за медицински истражувања кои би помогнале во борбата против болеста. Нивната цел е да соберат 75.000 долари од продажбата на неговите фотографии и од книгата „Балерина“, која ќе биде објавена следната есен.Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракНеговите фотографии ги предизвикуваат гледачите да се кикотат, со оглед на фактот дека возрасен маж не носи ништо на себе, освен розово балетско фустанче во апсурдни ситуации, како на пример танцувајќи во снегот, лежејќи на сред Тајмс Сквер или скокајќи на зелена ливада.Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракСо неговиот проект, тој истовремено нѐ потсетува на моќта и влијанието на деструктивната болест од која може да заболи буквално секоја жена во светот. Кој би помислил дека фотографии со маж во розе тантела, може да предизвика таков емоционален ролеркостер?!Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракНекои велат дека хуморот е најдобриот лек за сѐ, а овој проект е доказ дека Боб и Линда, буквално се водат според ова мото. Артистот вака ја објаснува нивната состојба со жена му:

Колку и да звучи чудно, ракот на Линда нѐ научи дека животот е убав, а справувањето со него може да биде тешко и понекогаш, најдобрата работа која можеме да ја направиме, т.е. единствената работа која можеме да ја направиме, е да се соочиме со наредниот ден, смеејќи се и споделувајќи ја насмевката со другите“.

Маж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од ракМаж носи розово фустанче за да ѝ помогне на неговата жена болна од рак


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар