Љубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографии

Самоукиот фотограф Фабио Сабатини прави фантастични фотографии од неговата жена Алесандра, докажувајќи ја љубовта кон неа во една прекрасна артистичка форма. Со нејзината убава руса коса и блескави сини очи, Алесандра е совршена за пред објективот, поради што и не е така чудно што Сабатини има направено повеќе од 500 фотографии со неа.

Љубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографии

Неговите највоодушевувачки фотографии се дел од фотосеријата насловена Shoulders (Раменици). Патувајќи низ светот и посетувајќи места како Грција, Шпанија, Бали и Тајланд, Сабатини ја фотографира Алесандра, и тоа не само однапред, туку и одзади. Во некои фотографии таа ги набљудува историските знаменитости пред неа, додека во други, фокусот е ставен на нејзината долга руса коса, која драматично се вее во воздухот како на филмското платно. После гледањето на сите негови фотографии, се добива чувство дека Сабатини визуелно ја изразува неговата љубов кон сопругата, давајќи ни на нас можност да ѕирнеме во светот во кој тој милува да живее.

Љубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографииЉубовно писмо формирано од воодушевувачки фотографии


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Orhideja Reply

    Мислам дека изразот што е напишан во текстот ,,зјапа,, не е соодветен

Остави коментар