Лажни пејзажи за спектакуларна фотографија

Вештината на професионалните фотографи не се состои само во познавање на бројни техники на фотографирање или на поседување одличен фотоапарат, туку и на способност за креирање лажен пејзаж од кој може да произлезе спектакуларна фотографија.

Метју Албанезе, фотограф од Њу Џерси, пред да почне да работи прво оди до супермаркет да набави памук, кафе, чоколадо, ќеси за ѓубре и многу други предмети кои потоа ги комбинира со фотографските вештини и ги создава овие вештачки копии на природниот амбиент наречени диорами. Една диорама се конструира цел месец, а тој потоа ја фотографира по повеќе од 500 пати сè додека не биде задоволен од резултатот. Ако сè уште се чудите зошто никако не успевате ниту со голо око да здогледате пејзаж како оние на фотографиите кои одземаат здив, разгледајте ја следната галерија.

Торнадо – Оваа диорама е направена од памук, челична волна, магдонос и мов.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографија

Река – Спектакуларна глетка створена од пергамент, хартија, конец, пердуви од ној, резбано чоколадо, жица, лента за маскирање, синтетички мов и памук.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографија

Тропски остров – Доволни му биле само сол, шеќер, памук, калајна фолија, платно и пердуви.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографија

Марс – За да се направи фотографија од Марс, а да не е од Кјуриосити, потребно е црвен пипер, цимет, креда, чили во прав, морско оревче и мајчина душица.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографија

Вулкан – Смесата од талог за тули, памук и фосфорно мастило е осветлена од сијалици со моќност од 6 до 60 вати.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографија

Подводен свет – Овие „морски длабочини“ се сликани на суво во студиото на Метју, а подводниот ефект е постигнат благодарение на видео проектор. Инаку флората и фауната се направени од многу различни материјали, меѓу кои се восок, ореви, смокви, мов, сунѓер, паста за заби, итн.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографија

Шума – Оваа диорама е конструирана од дрво, ќеси за ѓубре, мов, жолти светки, хартија, шеќер, итн., а ефектот на пожар е постигнат со жолти, портокалови и црвени светилки.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографија

Планини – Полињата се од лажно крзно, облаците се памучни, а планините се од талог од тули.Лажни пејзажи за спектакуларна фотографијаЛажни пејзажи за спектакуларна фотографија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар