Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде

Визит-карта за восхит! Невозможно е да смислите подобра идеја за промовирање на продавница за сирење од оваа бизнис картичка, која истовремено може да ви послужи и како ренде.
(1) Кул визит-карта која може да ви послужи и како рендеБлагодетите од овој интелигентен, оригинален и ефективен потег ги ужива бразилската компанија „Bon Vivant“, а заслугите одат на сметка на рекламната агенција JWT. Оттаму велат:

„Сакавме да дизајнираме нешто што ќе ја долови страста на сопственикот за производот што го продава. Тогаш ни ‘светна’ идејата – бизнис картичка во облик на ренде. Тоа е картичка што ренда секаков вид сирење, а истовремено е и еден убав подарок.“

(2) Кул визит-карта која може да ви послужи и како рендеБизнис картичката доаѓа во заштитно пакување, така што нема опасност да го оштети „фенси“ паричникот на купувачот. 😉 Навистина генијална идеја за привлекување муштерии. Се согласувате?(3) Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде(4) Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде(5) Кул визит-карта која може да ви послужи и како ренде



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар