Креативно, удобно и достапно: 7 совети за вашиот балкон да го претворите во дневна соба

Кога времето надвор е убаво, штета е да не уживате во надворешниот простор доколку го имате. Во текот на летните месеци балконите и терасите можете максимално да ги искористите и да ги претворите во надворешна дневна соба. Ви откриваме седум совети со кои ќе можете да го постигнете ова.

1-kreativno-udobno-i-dostapno-7-soveti-so-koi-vashiot-balkon-kje-go-pretvorite-vo-dnevna-soba-www.kafepauza.mk_

1. Одредете го средишниот дел од просторот

Така ќе си ја олесните работата од самиот почеток. „Срцето“ на просторот исполнете го со балконски двосед, кауч, лежалки или пак маса, односно тоа нека биде она парче мебел кое најчесто ќе го користите.

2. Направете разлика помеѓу внатрешниот и надворешниот простор

Немојте во надворешниот простор да го пренесете мебелот кој е инаку создаден за внатре. Сепак, станува збор за различни временски услови. Издржливата балконска гарнитура е секако подобар избор од каучот.

3. Изберете мебел кој одговара на големината на просторот

Пред да п очнете со купување и уредување, важно е да го измерите просторот за да можете да изберете правилна големина на мебел. Големиот мебел заради кој ништо друго нема да можете да наместите на балконот или терасата никако не е идеален избор.

2-kreativno-udobno-i-dostapno-7-soveti-so-koi-vashiot-balkon-kje-go-pretvorite-vo-dnevna-soba-www.kafepauza.mk_

4. Правилно распоредете го мебелот

Добриот распоред е многу важен. Кога го уредувате просторот, имајте на ум дека би требало да остане доволно простор за слободно движење, односно за поминување и вртење помеѓу парчињата мебел. Тој не смее да биде пречка.

5. Внимавајте на количината на мебел

За постигнување рамнотежа во просторот потребно е парчињата мебел да се надополнуваат, односно да ги нема премногу, но ниту премалку. Просторот кој е пренатрупан визуелно ќе изгледа помал, додека просторот со премалку мебел или бои ќе изгледа празен и занемарен.

3-kreativno-udobno-i-dostapno-7-soveti-so-koi-vashiot-balkon-kje-go-pretvorite-vo-dnevna-soba-www.kafepauza.mk_

6. Збогатете го просторот со бои

Еден од најдобрите начини за да го оживеете просторот е да го збогатите со бои. Перници во различни нијанси и со интересни принтови или пак гарнитура со дезен кој се истакнува ќе бидат совршен избор.

7. На занемарувајте ги деталите и билките

За да постигнете чувство на удобност со кое зрачи секоја дневна соба, не смеете да ги заборавите деталите и билките. Убаво осветлување, свеќи, тегли со цвеќе, вазни и декоративни перничиња при уредувањето се задолжителни.

Ви предлагаме и неколку креативни идеи за декорација на вашата тераса, совршеното место за утринското кафе.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар