Колоритни ѕвездени патеки

На прв поглед, овие спектакуларни, колоритни небесни кругови може да изгледаат како да се резултат на добра компјутерска графика или расипан фотоапарат. Но, тие се всушност добиени како резултат на макотрпно ноќно фотографирање на небото, од страна на австралискиот фотограф Линколн Харисон.Колоритни ѕвездени патекиЗа да ги направи овие воодушевувачки фотографии со ѕвездени патеки низ австралиското небо, на Харисон му биле потребни околу 15 часа. Тие се направени со долга експозиција, над театралното езеро Епалок, во близина на Бендиго во Викторија, Австралија.Колоритни ѕвездени патеки.

„Тоа беше една напорна и многу ладна вечер. Фотографирањето траеше 15 часа, од зајдисонце до изгрејсонце.“

Колоритни ѕвездени патекиУпотребувајќи леќа со долга експозиција, тој ги креирал овие ѕвездени патеки благодарение на ротирањето на Земјата, создавајќи впечаток како ѕвездите кружно да се движат на небото.Колоритни ѕвездени патеки36-годишниот г. Харисон, го купил неговиот прв фотоапарат минатата година, за да направи фотографии, кои ќе ги преслика на облека и предмети, кои сакал да ја продаде на eBay.
.

„Мојата омилена фотографија е онаа со ѕвездената патека на жолто-виолетова позадина, која ја нарекувам „Пожар во зората“. За да ја направам оваа фотографија, ја оставив џебната светилка во торбата од другиот фотоапарат, бидејќи морав да се симнам по една стрмна карпа во темнината. Во секој случај, маката се исплатеше. Тоа е мојата лична омилена фотографија.“

Колоритни ѕвездени патекиКолоритни ѕвездени патеки.

„Првиот фотоапарат го купив во октомври 2010 година, а изборот ми беше Никон D3100. Не планирав фотографирањето да ми стане хоби, но една седмица подоцна веќе имав 8 различни леќи и друга добра додатна опрема. Оттогаш па навака, правам фотографии најмалку два-три пати неделно, во главно пејзажи и ѕвездени патеки, кога временските услови го дозволуваат тоа.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар