7 трикови со кои вашиот дом ќе изгледа како модерно и луксузно дизајниран

Советникот за уредување ентериери, Мередит Баер споделува неколку експертски совети со помош на кои вашиот дом ќе изгледа луксузно и модерно, а сѐ што ви е потребно е малку време и фантазија.

1-7-trikovi-so-koi-vashiot-dom-kje-izgleda-kako-moderno-i-luksuzno-dizajniran-www.kafepauza.mk_

1. За да го освежите изгледот на вашиот дом соберете ги сите детали од полиците, масичките и од другите парчиња мебел и преместете ги. Со тоа најпрво ќе се ослободите од оние кои не ви се потребни и кои само ви собираат прашина, а парчињата и деталите на кои ќе им го промените распоредот ќе го освежат изгледот на вашиот дом.

2. Книгите секогаш изгледаат убаво и елегантно и внесуваат одредена топлина во секој дом. Организирајте ги по бои за да создадете ефект на полиците.

3-7-trikovi-so-koi-vashiot-dom-kje-izgleda-kako-moderno-i-luksuzno-dizajniran-www.kafepauza.mk_

3. Сите ние знаеме дека цвеќето, особено она од цвеќарите не е најевтиниот детаљ во домот. Неколку гранчиња цветови од вашата градина може да бидат подеднакво ефективни.

4-7-trikovi-so-koi-vashiot-dom-kje-izgleda-kako-moderno-i-luksuzno-dizajniran-www.kafepauza.mk_

4. Испразнете ги сите површини во бањата и на видливите места оставете само неколку производи кои имаат убава амбалажа.

5-7-trikovi-so-koi-vashiot-dom-kje-izgleda-kako-moderno-i-luksuzno-dizajniran-www.kafepauza.mk_

5. Стилизирајте ја масичката за кафе. Пробајте со некои големи и убави парчиња кои ќе ги поставите на средина, а тоа може да биде вазна со цвеќе, убава чинија или скулптура која сте ја донеле од некое патување.

6-7-trikovi-so-koi-vashiot-dom-kje-izgleda-kako-moderno-i-luksuzno-dizajniran-www.kafepauza.mk_

6. Завесите може да направат многу кога е во прашање уредувањето на просторот. Кога ќе ги поставувате, ставете ги колку што можете повисоко и на тој начин ќе добиете илузија на големи прозорци и висок таван.

7-7-trikovi-so-koi-vashiot-dom-kje-izgleda-kako-moderno-i-luksuzno-dizajniran-www.kafepauza.mk_

7. Импровизирајте со просторот за седење во спалната соба. Ако имате дополнителна масичка или стол во дневната соба можете да ги префрлите во спалната. Сместете ги во ќошот за вашата соба да изгледа поголемо и луксузно.

8-7-trikovi-so-koi-vashiot-dom-kje-izgleda-kako-moderno-i-luksuzno-dizajniran-www.kafepauza.mk_

За поголема инспирација ви предлагаме да погледнете уште неколку дизајнерски трикови кои целосно ќе го променат изгледот на вашиот дом.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар