10 одлични илустрации кои покажуваат што не е во ред со нашето општество

Жан Жулијан е француски артист кој моментално живее во Лондон. Преку своите илустрации тој на интересен и сатиричен начин ја изразува својата критика кон денешното општество.

Одбравме 10 негови моќни и искрени илустрации кои покажуваат што не е во ред со нашето општество.

1. Луѓето се преокупирани со технологија

(1) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Многумина од нас трошат премногу време и енергија на своите смартфони, лаптопи и други паметни уреди. Но, дали со нив добиваме слобода или стануваме пооковани од кога било? Клучот е во умереноста.

2. Дали ова е поентата на врските? Не би рекле.

(2) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Ова е вистинско сценарио во кое две личности би требало да се нормален пар кој ужива во заедничкото време со партнерот. Но, тие се толку обземени од нивните гаџети поврзани на интернет што тоа може да ја загрози нивната врска.

3. Потребно ни е време за сè што правиме, но за жал него не можеме да го контролираме

(3) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Можеме да се контролираме само себеси. Поставуваме приоритети затоа што не можеме да направиме сè наеднаш. Тешко е да се занемари фактот дека времето ни истекува. Проблемот на некои луѓе е во тоа што се потпираат на „утре“, но „утре“ секогаш ќе трае исто толку колку и „денес“.

4. Заблуда е дека луѓето мора секогаш да бидат во тренд

(4) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Реално, не е задолжително луѓето секогаш да ги следат последните трендови. Носете го она што ви одговара и што ве прави да се чувствувате удобно и убаво.

5. Mногу луѓе ги осудуваат другите заради изгледот

(5) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Престанете да осудувате и почнете да сфаќате дека дебелите луѓе не се секогаш во лоша здравствена состојба, исто како што здравите луѓе немаат секогаш идеална форма на телото.

6. Расизмот е насекаде

(6) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Расизмот има одземено премногу животи. Секој мора да биде свесен дека не нè дефинира бојата на кожата, туку хуманоста.

7. Насилството никогаш не е одговор!

(7) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

На насилство не се одговара со насилство. Нема шанси преку насилство да се добие правда.

8. Срамота е колку некои луѓе знаат да бидат бесчувствителни

(8) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Луѓето на кои им е поважно да направат слика наместо да им помогнат на другите, сериозно нè застрашуваат!

9. Селфињата се насекаде

(9) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Но што е погрешно во врска со селфињата? Тие се само слики? Всушност, сè е во ред со селфињата. Сè додека на некои луѓе не почнат да им влијаат на самодовербата, поради што може да се чувствуваат супериорно или инфериорно, во зависност од тоа како општеството ги просудува.

10. Благословени се ониe кои можат да слушаат, надарени се оние кои можат да разбираат

(10) 10-odlichni-ilustracii-koi-pokazhuvaat-shto-ne-e-vo-red-so-nasheto-opshtestvo-kafepauza.mk

Луѓето кои не слушаат се луѓе со кои не треба да го споделувате вашиот живот.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

  1. mockingjay Reply

    Нема да пропадне светот поради селфиња или поп музика, туку поради одвратната хомофобија и сексизам кој ни е оставен од постарите генерации и нам ни е оставен теретот да се бориме со тоа. Сепак, мило ми е што авторот ја препознава опасноста на расизмот и денешната бруталност со која се соочуваат people of color.

Остави коментар