Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

Меган Маркл е висока 171 центиметри и има само 50 килограми. За идеална фигура, таа вежба јога и секогаш се храни исто. Меѓутоа, често знае да се почести со чаша вино и со омилениот помфрит. Тогаш, како успева да ја задржи истата тежина?

Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

Меган Маркл практикува здрав начин на живот. На Интернет има многу фотографии каде што таа оди на тренинг или вежба јога. Во едно интервју, таа призна дека понекогаш ужива во јадењето торта и во пиењето на нејзиното омилено вино, но тоа во никој случај не влијае на нејзината фигура.

Меган Маркл го следи златното правило на правилната исхрана: веднаш по будењето пие чаша топла вода со лимон. Тоа му помага на телото да се разбуди и да се наполни со енергија, а овој стандарден ритуал секојдневно го применуваат многу познати личности. Меган никогаш не го запоставува појадокот, а за ручек јаде салата и малку протеини, месо, риба или скара без масло, а за вечера тестенини или бифтек со нискокалоричен сос од тиквички.

Инаку, Меган Маркл многу сака да готви и има посебен рецепт за овој сос: тиквичките ги сечка на ситни парчиња и ги загрева во тава без масло. Кога ќе бидат пропржени и меки, ги става во блендер и добива сос кој се комбинира со сите производи или се јаде како посебно јадење.

Приближно дневно мени:

Појадок: овесна каша со банана и мед или јаворов сируп или пудинг со чиа семе

Ручек: салата од зеленчук и парче риба (месо) или грав

Ужина: едно зелено јаболко, бадеми или зеленчук и овошје

Вечера: тестенини со тиквички и пармезан и една чаша црвено вино

Во нејзиниот фрижидер секогаш има хумус, моркови, овесни снегулки, бадемово млеко и пилешко месо. Меѓутоа, кога ќе ѝ дојдат гости, таа ужива во помфритот во неограничени количини и во морската храна и пие милкшејк. Иако тоа е ретко, сепак се случува. Без оглед на тоа што понекогаш може да се опушти и да ужива во омилената храна, Меган има иста тежина со години.

Прочитајте ги и овие 5 едноставни чекори за целосно исфрлање на глутенот од исхраната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар