За здрава и сјајна коса: Направете природни балсами за коса

Започнувајќи од кожата, па преку избелувањето на ноктите, па сè до косата, можеме да заклучиме дека јаболковиот оцет е досега незаменлива природна состојка на сите домашни рецепти за нега и убавина. Сега е лето, а ние се почесто сме излезени надвор, одиме на море и уживаме во прекрасното топло време, а забораваме на нашата коса на која не ѝ одговара толку многу сонце и директното изложување на сончевите зраци. Поради тоа, таа станува нежна и сува, па со самото тоа расте побавно и во некои случаи ја менува својата текстура. Затоа, заштитите ја вашата коса навреме и обезбедите ѝ третман каков што заслужува.

Во продолжение ви претставуваме четири одлични рецепти за балсами кои имаат иста основа, само што се менуваат етеричните масла во зависност од тоа каков е вашиот тип на коса. Принципот на правење е ист, откако ќе се измешаат сите состојки, потребно е добиениот балсам да се чува во стаклен сад со капаче, во фрижидер.

Основа:
  • 800 милилитри вода
  • 30 милилитри сок од алое вера
  • 15 милилитри јаболков оцет

Според вашиот тип на коса, во основата додадете ги следниве продукти:

За масна коса:
  • 2 капки масло од лаванда
  • 10 капки масло од маточина
  • 13 капки масло од смил
За побрз раст на косата:
  • 5 капки масло од лаванда
  • 10 капки масло од ела
  • 10 капки масло од нане
За против опаѓање на косата и првут
  • 5 капки масло од лаванда
  • 10 капки ванила
  • 10 капки масло од лимон
За испукани краеви
  • 7 капки масло од иланг-иланг
  • 18 капки масло од сандаловина

Како се нанесува:

Протресете го шишето или садот во кој што го чувате балсамот и нанесете ја посакуваната количина по должина на целата коса. Овој балсам не мора да се измива, но доколку сакате, можете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар