Куркума и јаболков оцет – совршено дуо за детоксикација на организмот

Куркума и јаболков оцет – совршено дуо за детоксикација на организмот

Некои од знаците кои предупредуваат дека вашето тело е заситено со токсини се постојан замор, проблеми со меморијата, егзема и други кожни нарушувања, непријатни телесни мириси, алергии, запек…

Куркума и јаболков оцет - совршено дуо за детоксикација на организмот

Иако детоксикацијата на телото звучи како тешка и напорна задача, тоа навистина не мора да биде така. Денес ви споделуваме рецепт со само 2-3 состојки, кои веќе ги имате во вашата кујна.

Сигурно не ви паднало на памет да комбинирате куркума со јаболков оцет. Тие се совршено дуо за детоксикација на организмот, а кога ќе им додадете малку сок од лимон, во вашето тело се случува вистинска магија.

Сепак, имајте на ум и дека здравата исхрана, доволната хидратација и активниот начин на живот се некои од клучните чекори за успешна детоксикација.

Здравствени придобивки од куркума, јаболков оцет и лимон

Куркумата е еден од најмоќните и најлековитите егзотични зачини. Бројни студии ги покажале неговите лековити својства и благотворното дејство врз организмот. На пример, тој е моќен антиоксиданс кој го подобрува здравјето на кожата и го забавува стареењето, има силни антиинфламаторни својства и значително го намалува ризикот од мозочни и срцеви заболувања. Куркумата е и вистински заштитник на вашиот црн дроб, најголемиот орган задолжен за детоксикација на телото. Го стимулира создавањето на важни ензими кои се одговорни за прочистување на крвта што патува до црниот дроб. Овие ензими работат така што ги разградуваат токсините или отровите. На овој начин, куркумата ја поттикнува работата на црниот дроб.

Јаболковиот оцет ги исфрла токсините од телото, помага во детоксикација на црниот дроб и лимфниот систем и ја намалува надуеноста. Освен тоа, го зајакнува имунитетот, го зголемува нивото на енергија, штити од настинки, го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак, го стимулира варењето, го балансира нивото на шеќер во крвта и го подобрува здравјето на кожата.

Лимонот го стимулира варењето, има својства за прочистување, ја зголемува алкалноста на телото, го освежува телото и го зајакнува имунитетот благодарение на витаминот Ц.

Напиток за детоксикација од куркума и јаболков оцет

Започнете го денот со овој супер здрав пијалак од куркума и јаболков оцет со малку лимон. Доколку сакате, можете да го пиете неколку пати на ден, за уште подобри резултати.

Повремено можете да ја замените куркумата во рецептот со свеж ѓумбир, кој исто така е одлична состојка за детоксикација.

Потребни состојки:

  • 1 лажица јаболков оцет
  • ¼ лажичка куркума во прав
  • 1 лажица сок од лимон, свежо исцеден
  • 1 чаша топла вода
  • ½ лажица јаворов сируп или мед
  • лут пипер

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и испијте веднаш. Препорачливо е да додадете и лут пипер затоа што овој моќен зачин ја зголемува апсорпцијата на куркумата и ја стимулира циркулацијата на крвта.

Откако го прочитавте овој рецепт за детоксикација на организмот, можеби ќе сакате да го прочитате и овој рецепт за лимонада со куркума за лекување на депресијата.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар