Водечки тренд за претстојната сезона: Оваа ретро фризура ќе биде хит за време на пролетта

Водечки тренд за претстојната сезона: Оваа ретро фризура ќе биде хит за време на пролетта

Омилената фризура од 70-тите години повторно станува актуелна, а како што велат фризерите, сите модерни жени ќе ја носат во текот на пролетта и на летото.

Слоевито потстрижената коса и разбушавениот изглед се главните карактеристики на шаг фризурата. За време на 70-тите, кога била создадена, ништо не морало да биде под конец и во тренд била малку неуредна фризура.

Оваа фризура бара минимална посветеност и е лесна за одржување, па тоа е една од причините зошто ја сакаат жените.

Совршена е за секоја должина и текстура на косата, а особено е добар избор за дами со потенка коса бидејќи создава дополнителен волумен.

Модерната шаг фризура е надополнета со шишки инспирирани од оригиналната верзија од 70-тите години, кои се исти како и остатокот од косата – во неколку слоеви и се стилизираат со благ патец во средината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAT THOMPSON (@kattthompson)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ALANNA (@alannaarrington)

Погледнете кои други фризури ќе бидат во тренд оваа пролет и со кои ќе изгледате помладо.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар