Вкусни и здрави: Рецепт за бомбици кои се готови за 15 минути!

Вкусни и здрави: Рецепт за бомбици кои се готови за 15 минути!

Дали сакате нешто слатко, но здраво? Ви предлагаме рецепт за бомбици кои можат да бидат идеален десерт доколку немате време, а ви треба закуска која ќе ви даде енергија и ќе ви го подобри расположението.

Вкусни и здрави: Рецепт за бомбици кои се готови за 15 минути!

Потребни состојки:

  • 150 грама путер од кикирики
  • 100 грама овесна каша
  • 75 грама чоколадни капки
  • 50 грама мелено ленено семе
  • 2-3 лажици мед

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги путерот од кикирики и медот.

2. Додадете ги овесните снегулки и меленото ленено семе и сè добро измешајте.

3. На крајот додадете ги парчињата чоколада.

4. Од добиената смеса обликувајте топчиња.

5. Ставете ги во фрижидер пред да ги консумирате. На здравје!

Откако го прочитавте нашиот денешен предлог, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за неодоливи кокосови бомбици кои се топат во уста.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар