Вкусни и здрави колачи кои не се прават со брашно и шеќер

Ако сакате да ги замените брашното и шеќерот во слатките рецепти, веројатно досега не сте се сетиле на оваа магична состојка – слаткиот компир

1-vkusni-i-zdravi-kolachi-koi-ne-se-pravat-so-brashno-i-shekjer-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 300 г пире од слатки компири
  • 250 г бадемов путер или путер од кикирики
  • 3 лажици какао
  • 1 јајце (по желба можете да употребите и 2)
  • 60 мл јаворов сируп
  • 1 ванила
  • 2 лажички цимет
  • 1 лажичка сода бикарбона

2-vkusni-i-zdravi-kolachi-koi-ne-se-pravat-so-brashno-i-shekjer-kafepauza.mk

Начин на подготовка:
  1. Боцнете 3-4 слатки компири со виљушка и печете ги во рерна еден час. Ова можете да го направите и еден ден претходно и потоа да ги складирате компирите во фрижидер.
  2. Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ги сите состојки во сад, притоа додавајќи го јајцето последно.
  3. Во коцкесто тавче ставете хартија за печење и откако добро ќе ја изедначите смесата сипете ја одозгора. Печете 25 минути и сервирајте ги колачите изладени после половина час.

3-vkusni-i-zdravi-kolachi-koi-ne-se-pravat-so-brashno-i-shekjer-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар