4 хороскопски знаци што ќе бидат најсреќни за празниците

4 хороскопски знаци што ќе бидат најсреќни за празниците

Според астрологијата, Дедо Мраз нема да биде единствениот што доаѓа оваа празнична сезона. Астролозите предвидуваат дека оваа година четири хороскопски знаци ќе имаат многу среќа за време на празниците.

4 хороскопски знаци што ќе бидат најсреќни за празниците

Бик

Бикот ќе ја има Венера во осмата куќа на неговата астролошка карта за време на празниците, а овој дел од картата владее со сексот, со интимноста и со спојувањето со партнерот.

Ќе се чувствувате многу секси и привлечно и ќе можете да воспоставите длабоки врски со големи шанси за во иднина. Само не заборавајте да излезете од спалната соба за да им посакате среќна нова година на членовите од вашето семејство.

Лав

За време на празниците, Лавовите ќе ја имаат Венера во својата петта куќа на забавата, задоволството, креативноста и наоѓањето вистинска љубов.

Ако сте слободни, влијанието на Венера од 15 декември до 8 јануари ќе ги натера сите да ве забележат, а вие ќе го изберете најпосакуваниот партнер.

Ако веќе сте во стабилна врска, оваа фаза на Венера ќе донесе повеќе романса и забава во вашата врска.

Вага

Ако сте родени во хороскопскиот знак Вага, подгответе се да добиете претпразничен подарок од вселената. Јупитер и Сатурн ќе влезат во вашата петта куќа на романсата, креативноста и љубовта непосредно пред празниците, а на 21 декември ќе одржат голема и ретка средба.

Ова ќе биде пресвртна точка во наоѓањето љубов, внесувањето повеќе секс и уживањето во вашиот живот.

Стрелец

За време на празниците, нема да имате проблем да привлечете партнер. Вашата привлечност ќе биде најизразена од средината на декември до почетокот на јануари. Покрај тоа, на 29 декември, полната месечина во Рак ќе ја осветли вашата осма куќа на сексот и интимноста.

Ќе имате среќа во односите со вашата сродна душа за време на новогодишната денови.

Прочитајте кои 3 хороскопски знаци ги очекува среќа до крајот на 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар