Вкусен и освежителен сладолед од авокадо и какао

Вкусен и освежителен сладолед од авокадо и какао

Откако ќе го пробате овој сладолед, веќе никогаш повеќе нема да побарате друг

Вкусен и освежителен сладолед од авокадо и какао

Потребни состојки:
  • 150 милилитри бадемово млеко
  • 50 грама павлака од кокос
  • 30 грама какао во прав
  • 5 лажици мед
  • 1 стапче ванила (се користат само стругани семки)
  • 50 грама исечкани бадеми
  • 20 грама исечкани зрна какао
Начин на подготовка:

Преполовете го авокадото, отстранете ги семките и со лажица ставете го блендер, заедно со бадемовото млеко, павлаката од кокос, какаото во прав, медот и семките од стапчето ванила. Мешајте сè додека не се претвори во фина смеса, а потоа префрлете ја во апарат за сладолед и мешајте сè додека не почне полека да се потиснува.

Додајте ги исечканите бадеми и дел од исечканите зрна какао и оставете ја смесата во апаратот за сладолед со цел целосно да се спои. Послужете веднаш или оставете го во замрзнувач до сервирањето. Пред сервирање, посипете ја секоја топка сладолед со преостанатите зрна од какао.

Доколку немате апарат за сладолед, префрлете ја смесата веднаш во замрзнувач и мешајте рачно на секои 10-тина минути со цел да ги разбиете ледените кристали. Повторувајте ја оваа постапка сè додека смесата не се згусне целосно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. ikmeta Reply

    овој рецепт навистана е многу добар и освезителееенннн……

Напиши одговор на ikmeta Откажи одговор