Визуелен водич за новиот мејкап тренд: Контурирање на лицето со техниката стробинг

Стробингот е нова техника на шминкање која е создадена како бунт против премногу популаризираното контурирање на лицето. Со неа се постигнува сличен ефект, но делува многу поприродно на лицето. Лицето на кое има подлога (полесна или потешка во зависност од типот на кожата и навиките) се осветлува со хајлајтер на местата каде што паѓа светлината на кожата. Или, поедноставно кажано: наместо да нанесувате бронзер или коректор во потемна нијанса од тенот на вашето лице и да создавате полусенки, вие нанесувате малку хајлајтер на добрите точки на лицето како што се јаболчниците, врвот на носот и брадата.

1-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_

За стробинг ви е потребно:

  • Лесна подлога
  • ЦЦ крема
  • Хајлајтер
  • Розово руменило
  • Сунѓерче
  • Две четки

1. Подлога

Нанесете лесна подлога и добро прекријте ги критичните делови на лицето. Нанесете ја подлогата рамномерно со нежни движења на четката. Ако немате четка, послужете се со прстите.

2-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_

2. Пределот околу очите

Нанесете ЦЦ крема под очите, но и преку очните капаци.

3-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_

3. Линијата под очните капаци

Со помош на четката направете линија од ќошот на очите до центарот на образите.

4-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_

4. Очните капаци и веѓите

Нанесете крема на аголот на очите и на очните капаци – под и над веѓите.

5-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_

5. Образи

Додајте хајлајтер на јаболчните коски и на Т-зоната. Потоа ставете руменило на образите.

6-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_

6. Мат финиш

Ставете светла нијанса на кармин на усните. За конечен ефект ставете светликав прав на образите.

7-nov-mejk-ap-trend-konturiranje-na-liceto-so-strobing-tehnika-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар