Витамини за одржување на вашата убавина

Витамини за одржување на вашата убавина

Можеби нивното влијание не е веднаш видливо како кога ставате кармин или пудра за лице, но со внесување витамини позитивно влијаете врз вашата надворешна убавина. Ова се витамините кои најмногу влијаат за изгледот на вашата кожа, коса и нокти, а може да ги внесете преку исхраната или со земање лекарства како апчиња.Витамини за одржување на вашата убавина

Кожа

Реакцијата на витамините кај секого е различна, но сепак, овие витамини се препорачани од професионалци бидејќи носат најголеми бенефиции за подобрување на изгледот на кожата:

Б-комплекс – Постојат вкупно осум вакви витамини, а нивното најголемо дејство врз кожата е зајакнување на клетките. Витаминот Б3, исто така познат како нијацин, докажано го зголемува производството на масни киселини, а со тоа ја одржува природната влажност и хидратација на кожата. По природен пат Б-витамините може да ги внесете со комбуха, зрнесто овошје и зеленчук, банани, риба, пилешко, компири, зелка, моркови…

Витамини со антиоксиданти Разни фактори, како стрес или загаденост на животната средина, можат негативно да се одразат врз изгледот на вашата кожа. Поради тоа, на кожата потребни ù се антиоксиданти. Најдобар извор на антиоксиданти е црвеното зрнесто овошје како бобинки, цреши, грозје…

Витамин Ц – Овој витамин е достоен за медал, многу значаен борец против замор и стрес, витаминот Ц исто така ја збогатува кожата со колаген и е добар третман за проблемот со неизедначен тен. Витаминот Ц, покрај со исхрана, може да го внесете со посебни третмани за кожа, како и со таблети за џвакање.Витамини за одржување на вашата убавина

Нокти

За долги, здрави и силни нокти, клучни се:

Биотинот – Најголеми природни извори на биотинот се: јајца, црн дроб, соја, ореви, блитва и пченичен леб.

Силициум – Силициумот, како и витамините Б и Ц го помагаат растот на ноктите и придонесуваат за нивната цврстина.Витамини за одржување на вашата убавина

Коса

Шампоните и регенераторите навистина ù помагаат на косата, но кога станува збор за внесување на потребните витамини преку храна, акцентот се става на:

Омега 3 масни киселини и витамин Е – Ѝ го даваат на косата потребниот сјај и цврстина. Природни извори на витамин Е се: спанаќ, бадеми, семки од сончоглед, малини, пиперки, домати, брокула… Витаминот Е го поттикнува растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање. Тој е одличен борец против сува и оштетена коса.

Витамин Д – Неговата најголема улога е јакнењето на влакното на косата и стимулирање на нејзиниот раст. Без доволно витамин Д растот на косата може да се забави или да прекине. Поважни извори на витамин Д се: млеко, соја, портокал, риба, жолчка од јајце…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Јасмина Reply

    LAzgovci edni mi zoltosa kosata

Напиши одговор на Јасмина Откажи одговор