Правилната исхрана ве прави поубави

Сте знаеле дека една жена во просек троши 20 минути дневно за разубавување? Тоа би биле околу 330 дена од целокупниот животен век. На возраст од 16 до 65 години, секоја жена купува козметички производи 5 пати годишно. Факт е дека трошиме време и пари со цел да ја истакнеме и одржиме нашата убавина, но ретко кој обрнува доволно внимание на она што го јаде. Правилната исхрана влијае многу на нашата надворешна убавина.

Правилната исхрана ве прави поубави

Како правилната исхрана влијае на нас?

Со правилна и редовна исхрана, метаболизмот работи побрзо, кожата е чиста, сјајна и затегната, телото се ослободува од отровите и многу полесно може да го изгубите вишокот килограми. Луѓето имаат погрешна претстава за диетите. Впрочем, диета не е изгладнување со цел да ослабете. Тоа е правилен режим на исхрана, соодветен за вашето тело и затоа не секоја диета му одговара секому. За да ја најдете соодветната диета за вас, задолжително консултирајте се со доктор.

Кои се клучните фактори за правилна исхрана?

    • Мора да знаете која крвна група сте (одредена исхрана е погодна за одредена крвна група, побрзо се вари и разработува и има повеќе благотворни дејства)
    • Јадете локална храна, овошје и зеленчук кои растат во вашиот регион
    • Избегнувајте шеќер и глутен што е можно почесто
    • Секогаш кога сте во можност, јадете свежа храна, а не конзервирана
    • Никогаш не прескокнувајте го појадокот и водете сметка тој да содржи многу протеини
    • Кога сте во можност, месото приготвувајте го варено, а не пржено

Правилната исхрана ве прави поубави

Кои јадења се најпогодни за секоја крвна крупа?

Крвна група Опосно месо (месо кое не содржи многу масти, како белото пилешко или месо од дивеч) или риба

Крвна група А – вегетаријанска диета, исхрана со соја, протеини, житарици и органски зеленчук. За припадниците на оваа крвна група не се препорачува често конзумирање млечни производи

Крвна група Б храна со ниска масленост, месо и месни производи, домашна готвена храна

Крвна група АБ – морска храна, јадења со соино брашно и млеко, млечни производи, домашна храна

Некои дерматолози не се согласуваат со поврзаноста на крвните групи и надворешната убавина. Но, многу истражувања го докажале спротивното. Стресот и исхраната не влијаат само врз нашето здравје, туку и врз нашата убавина. Дури постојат диети за чистење на кожата и ослободување од акни.

Правилната исхрана ве прави поубави

Која храна ù годи на вашата кожа и зошто?

Сладок компир – слаткиот компир може лесно да го најдете во поголемите маркети. Содржи бета каротен, кој природно во организмот се претвора во витамин А. Тој е вистински борец против стареењето, ги поправа оштетените клетки на кожата и придонесува до раст и регенерација на ткивата. Друг начин да ја надополните неговата хранлива вредност е преку конзумирање моркови, магдонос, кајсии, дињи и тикви.

Малини – зрнестото црвенкасто овошје ја подобрува кожата. Тука не спаѓаат само малините, туку и боровинките, калинките, капините, пурпурното грозје, брусницата и сл. Тие се природни антиоксиданти и се борци против акните, затоа многу често може да ги сретнете како главна состојка во геловите за чистење лице.

Лосос – содржи омега 3 масни киселини, кои воедно се од суштинско значење за блескава и сјајна кожа. Освен што ја одржува кожата млада и сјајна, придонесува до подобрување и изедначување на тенот, а исто така е и природен хидратант.

Правилната исхрана ве прави поубави

Зелени салати – пред сè, изобилуваат со витамин Ц. Благотворноста на овој витамин е тоа што му помага на телото да произведува колаген (протеин кој помага за раст на клетките и крвните садови, им дава цврстина и сила и е состојка која нè одржува млади) и придонесува за здравје и виталност. Други извори на витамин Ц исто така се: црвени пиперки, брокули, јагоди, лимон, портокал, папаја, диња… Покрај витаминот Ц, зеленолисните растенија содржат витамини и минерали кои придонесуваат за здрава кожа и коса. Зелените салати ја ослободуваат кожата од токсините и ја штитат од штетните сончеви зраци.

Пилешко месо – главен фактор за убава и здрава кожа. Протеините во белото месо го прават поздраво од темното месо. Затоа конзумирајте пилешко, а доколку не сте љубители, во вашата исхрана заменете го со риба.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици од 19-ти век.

Поврзани содржини

Остави коментар