Што да преземете за да се ослободите од стресот?

Дали секојдневно имате впечаток како да имате многу обврски кои треба да ги завршите, а премалку време за нив? Ви се чини како да сте на работ да експлодирате? Ако одговорот е да, вие сте под стрес и време е да научите како да се изборите со него.

Што да преземете за да се ослободите од стресот?

Стресот претставува природна одбранбена реакција на нашиот организам на настанатите промени. Го предизвикуваат ситуации во кои се чувствуваме загрозено, поради што одредени физиолошки реакции на нашето тело се подготвуваат за борба или за бегство од таквата ситуација.

Први знаци на стрес се: хроничен умор, исцрпеност, лоша физичка состојба, циничност, негативност, иритираност, гнев, чувство на опседнатост, премногу возбудување без причина, чести главоболки и нарушен апетит, нагло губење или покачување тежина, несоница, депресија, тешкотија околу дишењето, останување без здив, тресење на рацете, чувство на беспомошност, неосновано сомневање…

Како да си помогнете?

  • Занимавајте се со спорт. Ќе се чувствувате и физички и психички подобро и полесно ќе се носите со стресот.
  • Правете работи кои ве радуваат и исполнуваат барем 3 пати неделно.
  • Најмалку еднаш дневно одвојте време само за себе.
  • Размислувајте позитивно. Верувајте во себе и во своите способности.

Што да преземете за да се ослободите од стресот?

Ослободете се од стресот со масажа на ушните школки

Увото е многу осетливо, а допирањето и масажата на одредени точки може убаво да ве релаксира.

Што да преземете за да се ослободите од стресот?

1. Легнете на грб, ставете ги дланките на уши, затворете ги очите и пет пати длабоко вдишете и издишете. Потоа, внатрешноста на ушните школки нежно масирајте ја со показалецот околу 2 минути, правејќи кружни движења од внатрешниот спрема надворешниот дел на увото. На крајот, забрзајте ги движењата и вежбите повторете ги 5 пати. Секој пат пред вежбата, длабоко вдишете и издишете, како на почетокот.

2. Фатете го горниот дел на увото со палецот и показалецот, така што показалецот да биде во внатрешниот, а палецот на надворешниот дел на увото. На тој начин, масирајте ги целите уши, од врвот до ресите. На крај, ресите три пати нежно повлечете ги нагоре-надолу. Третманот комплетирајте го така што ќе се масирате зад ушите. Показалецот ставете го зад горниот дел на увото и нежно притискајте со прстите движејќи се надолу. Ова повторете го 3 пати.

Стручњаците советуваат да се фокусирате на одредени точки на ушите, во зависност од тоа какви тегоби имате.

  • Притискањето на горниот дел на ушите ја поттикнува циркулацијата на нозете, ја ублажува реумата и позитивно делува на стапалата и вкочанетите зглобови.
  • Масирањето на средишниот дел на ушите, ги смалува тегобите во органите за варење, спречува запек, ја подобрува функцијата на желудникот, црниот дроб, панкреасот, дебелото и тенкото црево. Оваа точка исто така го смирува и нервниот систем.
  • Масирањето на ушните реси ослободува од болки и напнатост во главата, вратот и рамениците, помага подобро да се сконцентрирате и да се изборите со мигрената.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар