Витамини и минерали што ви се потребни после 30-тата година од животот

Витамини и минерали што ви се потребни после 30-тата година од животот

Брзиот начин на живот и недостатокот од време за планирање на оброците ја зголемуваат популарноста на додатоците во исхраната. Сè повеќе луѓе земаат витамини за да го надополнат недостатокот од нивниот начин на исхрана. По 30-тата година од животот, витамините се особено важни за жените кои имаат хормонални промени поради бременост или рана менопауза. Па, погледнете кои се витамините и минералите што ви се потребни после 30-тата година.

Витамини и минерали што ви се потребни после 30-тата година од животот

Омега 3 масни киселини

Овие масни киселини се клучни за правилно функционирање на организмот, а нашето тело не може да ги произведе само. Морате да ги внесете преку храна или додатоци во исхраната. Најдобар природен извор на омега 3 масни киселини се лососот и другите видови риба.

Витамини од групата Б

Овие витамини најчесто се поврзани со енергијата, но исто така го подобруваат расположението и ги ублажуваат симптомите на депресија. Бидејќи се разградуваат во вода, телото не ги задржува во организмот, па потребно е да ги внесувате секојдневно. Овие витамини се одлични и во борбата против заморот, а особено се важни за трудниците кај кои недостатокот од витамин Б12 може да биде опасен.

Витамин Д

Витаминот Д е познат и како витамин од сонцето. Но, многумина од нас не поминуваат доволно време на отворено, а особено тешко е да го внесете витаминот по природен пат во текот на зимата. Овој витамин повеќе се однесува како хормон наместо хранлива материја во телото, а му се припишува нормалната функција на организмот. Витаминот Д е одговорен и за искористувањето на калциумот, а неговиот недостаток е поврзан со појавата на рак, автоимуни болести и нарушувања во расположението.

Железо

Жените кои и после 30-тата година имаат обилни менструации треба да размислат за дополнително внесување железо во организмот. Моментално слабокрвноста е едно од најчестите здравствени нарушувања во светот. Речиси 40% од бремените жени се слабокрвни, а најголемата причина е недостаток од железо. Слабокрвноста предизвикува замор, главоболки, недостаток од енергија, а може да се појави и паѓање на косата и бледа кожа. Железото земајте го со храна за да ги избегнете проблемите со варењето.

Погледнете и кои се витамините и минералите што ќе ја зголемат вашата енергија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар