Кои витамини и минерали се неопходни за здрави и цврсти коски?

Кои витамини и минерали се неопходни за здрави и цврсти коски?

Ако се грижите за слабите коски и сакате да бидете сигурни дека вашите коски ќе останат силни, тогаш морате постојано да ги внесувате овие витамини и минерали во организмот.

Кои витамини и минерали се неопходни за здрави и цврсти коски?

Витамин К

Витаминот К е еден од основните витамини и минерали кои ви се потребни за силни и здрави коски. Од неколкуте видови на витамин К, витаминот К2 е најважен за здравјето на коските бидејќи ја подобрува густината на коските кај пациенти со остеопороза. Покрај тоа, витаминот К2 го активира остеокалцинот, протеинот потребен за калциумот да се складира во коските. Овој витамин се наоѓа во жолчките, сирењето, и киселата зелка.

Б витамини

Б витамините се неопходни за силни коски. Витаминот Б6, Б12, фолатите и рибофлавинот го спречуваат акумулирањето на хомоцистеин во вашето тело. Хомоцистеинот предизвикува распаѓање на коските и го попречува вкрстеното поврзување на колагенот. Ова е важно бидејќи колагенот е главната протеинска компонента на коските.

Витамин Ц

Се чини како да нема ништо што витаминот Ц не може да направи. Го зајакнува имунолошкиот систем, се бори со слободните радикали и ја прави кожата здрава и сјајна. Исто така, им помага на вашите коски да останат здрави. Витаминот Ц е важен за коските бидејќи го поттикнува производството на колаген.

Магнезиум

Магнезиумот им дава структура на коските и го регулира лачењето на калцитонин, кој е хормон кој го одржува нивото на калциум во крвотокот. Кога сте под стрес, вашето тело троши повеќе магнезиум. Ова значи дека е апсолутно неопходно да внесувате доволно магнезиум. Семките од коноп, семките од тиква, варениот спанаќ и какаото се одлични извори на овој минерал.

Откако прочитавте за витамините и минералите кои се неопходни за здрави и цврсти коски, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те најважни витамини и минерали за секоја жена.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар