Погледнете кои се 5-те најважни витамини и минерали за секоја жена

Погледнете кои се 5-те најважни витамини и минерали за секоја жена

Сите витамини и минерали имаат важна функција во телото, но овие пет се најважни кога станува збор за зачувување на здравјето, виталноста и убавината на жената.

Vitamins & minerals

1. Витамин Е

Витаминот Е е всушност витамин на младоста. Овој моќен антиоксиданс е познат по своето позитивно дејство врз здравјето и изгледот на кожата. Тој ги штити кожата и организмот од штетното влијание на оксидативниот стрес и спречува предвремено стареење и развој на болести. За жените е важен затоа што влијае врз менструалните болки, го намалува нивото на холестерол, го штити срцето и ги зајакнува имунитетот и здравјето на репродуктивниот систем.

2. Витамин Д

Најголемите количини на овој витамин ги добиваме од сончевите зраци. Во минатото, додека човекот работел на отворено, нашето тело овој витамин го добивало во изобилство. Но, денес, кога најголем дел од времето го поминуваме во затворен простор, се јавува недостиг на витамин Д. Тој ни е потребен затоа што ја поттикнува апсорпцијата на калциум, кој автоматски ја зголемува густината на коските и спречува остеопороза. Подеднакво важен е и за зајакнување на имунитетот, зачувување на мускулите и спречување разни воспаленија.

3. Б комплекс

Б комплексот е всушност составен од 8 витамини кои учествуваат во околу 300 ензимски реакции во нашето тело. Поголемиот дел од Б витамините даваат енергија, добро расположение, здрав сон и апетит. Некои витамини од Б комплексот се многу важни за време на бременоста. Таков е Б9 или познат како фолна киселина. Жените го сакаат Б комплексот бидејќи директно влијае на растот и цврстината на ноктите и косата, како и на здравјето и убавината на кожата.

4. Железо

Ова е еден од најважните минерали во нашиот организам. Тој има клучна улога во репродуктивниот период од животот на жената, но и после него. Железото има важна улога во создавањето на црвените крвни зрнца кои ги снабдуваат виталните органи и ткива со кислород. Прв показател за недостаток на железо е постојан умор и недостаток на енергија.

Недостатокот на железо настанува поради несоодветна исхрана (безмасна или вегетаријанска) или поради обилни менструални циклуси што често доведува до анемија. За да се регулира нивото на железо во крвта, потребно е тоа да се внесува преку храна која е богата со овој минерал како што е спанаќот, темното чоколадо, школките, сончогледовото семе, говедското и јагнешкото месо.

5. Цинк

Цинкот е многу важен минерал во женскиот организам затоа што позитивно влијае врз растот на косата и изгледот на кожата и ноктите. Многуте проблеми како акни, дерматитис и слаби нокти со бели дамки се последица на недостатокот на цинк во организмот. Но, освен дејството врз убавината на жената, цинкот е важен и за имунитетот, правилната работа на репродуктивниот систем и помага при (пред)менструални тегоби.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар