Уникатна пица: Најбрзиот и најлесниот рецепт од само 3 состојки

Уникатна пица: Најбрзиот и најлесниот рецепт од само 3 состојки

Стари, млади… Во вкусната пица може да ужива секој. Како дел од италијанската кујна, неправедно е да ја сместуваме во брзата храна бидејќи таа може да биде една одлична здрава закуска. Во продолжение погледнете како да го подготвите овој интересен рецепт за вас и вашите најблиски, кој ќе биде готов за само неколку минути!

Уникатна пица: Најбрзиот и најлесниот рецепт од само 3 состојки

Потребни состојки:
  • Лиснато тесто
  • Сирење (моцарела или некое друго по желба)
  • Пасирани домати
Начин на подготовка:

Двете лиснати теста раширете ги и сукајте ги на дебелина од неколку милиметри. Во плех ставете ја хартијата за печење. Тестата ставете ги едно врз друго, поклопете ги со една чинија (внатрешната страна на чинијата да биде свртена кон тестото) и пресечете еден круг, по форма на чинијата. Тргнете ја чинијата и долното тесто премачкајте го со пасираните домати.

Додадете го сирењето и поклопете го тестото со другото тесто. Во средината на пицата поставете една чаша свртена со отворот кон тестото и со нож пресечете неколку симетрични линии од чашата до краевите, за да ја исечете пицата на парчиња. Потоа, секое парче фатете го за краевите и свртете го два пати околу неговата оска. Пицата печете ја на 200°C околу 20 до 50 минути, додека тестото не добие златно жолта боја. За подетално упатство, погледнете го видеото подолу.

Совет: Пред да ја ставите пицата да се пече во рерна, премачкајте ја со јајце за да добие покрцкава кора. За да го збогатите вкусот, на пасираните домати можете да додадете малку сол и шеќер, оригано или босилек, како и состојки по ваша желба.

Pizza Puff Pastry Twists

Posted by Tasty on Thursday, January 7, 2016


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар