Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духовите преку емоционални фотографии

За својот најнов проект „Трагање по нашите чекори“, француските фотографи Карлос Ајеста и Гилом Бресон побарале од 80.000 бегалци, кои морале да се евакуираат од областите во близина на Фукушима, да се вратат на местата кои некогаш добро ги знаеле. Станува збор за процес кој траел 4 години и при кој морале да поминат многу административни препреки. Но, тоа што го нашле таму е свет скоро непрепознатлив за нив, исполнет со длабоки човечки приказни. Погледнете дел од нив…

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Побаравме од поранешните жители од регионот во Фукушима и во некои случаи, вистинските сопственици на одредени локали да ни се придружат внатре во забранетата зона и да ги отворат вратите на овие обични, но сега непријателски места“, велат фотографите.

Соочени со камерата, од нив беше побарано да се однесуваат најнормално што можат, како ништо да не се случило. Идејата зад овие надреални фотографии е да го комбинира баналното и невообичаеното, но токму фактите за историската нуклеарна катастрофа им даваат на овие слики автентичност.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Митори Ито се наоѓа во напуштениот супермаркет во Намие. Овде ништо не се сменило од несреќата. На панелот дури може да се прочитаат и зборовите „Свежи производи“ на јапонски јазик. Веднаш по несреќата, Митори Ито се евакуирала во Минами Аизу поради здравствените ризици поврзани со радиоактивност.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Риеко Мацумотое се наоѓа во перална во Намие. Таа е нутриционист и советник. На денот на земјотресот, таа работела со клиент од Филипини, кој бил кај неа за прв пат. Таа се подготвувала да ги измери деловите на нејзиното тело кога земјата одеднаш почнала да се тресе.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Каноко Сато се наоѓа во училишната сала во областа Укедо, уништена од цунамито и останата недопрена после катастрофата. Таа вели дека да не се случел овој проект, никогаш немало повторно да ја види забранетата зона со свои очи.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Шигеко Ватанабе водела мала компанија за печатење во центарот на Намие. Таа никогаш повеќе нема да го отвори својот бизнис и лично смета дека деконтаминацијата е бесмислена бидејќи никој нема да се врати да живее назад. Владата притискала луѓето да се вратат во своите градови, но според неа градот Намие ќе биде уништен.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Кацујуки Јашима e во својата работилница. За време на катастрофата тој и неговата жена имале 15 вработени. Неговата компанија нема повторно да се отвори и тој не очекува дека тие ќе се вратат да живеат во Намие. Тој вели дека нема да се врати бидејќи не може повторно да го отвори стариот бизнис. Според него Намие за 10 години ќе стане град на духови.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Јасуши Ишизука се наоѓа во јапонска игротека во градот Томиока. Зградата била силно погодена од земјотресот и останала напуштена после катастрофата.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Сецуро Ито е ветеринар. Тој се грижи за животните, посебно за кравите кои живеат во забранетите зони. Сега тој се наоѓа во напуштен бар. Ито ја напуштил Јапонија за да живее во Бразил кога имал 30 години, но после 11 март решил да се врати во неговата земја и да им помага на фармерите во забранетата зона. Тој сега живее во градот Фукушима.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Казухиро Онуки се наоѓа во својата стара куќа во Томиока. Пред несреќата, тој имал книжарница и продавница за јапонска керамика, но бил ограбен неколку пати како резултат на несреќата и сите вредни нешта од неговиот дом биле украдени. Оваа соба ја доловува атмосферата во неговата куќа денес. Тој се евакуирал во Токи заедно се неговото семејство. Никогаш не би се вратил да живее во својот дом.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови

Хидемаса и Мичико Отаки се фотографирани во нивниот стар фризерски дуќан во Томиока, градот кој беше силно погоден од цунамито и евакуиран по нуклеарната катастрофа која следувала. Таа работела како фризерка повеќе од 40 години. Кога се случила несреќата имала клиенти. По инцидентот се селеле од едно во друго засолниште и таму почнала да ги средува фризурите на луѓето сместени во засолништата.

Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови Поранешните жители на Фукушима се враќаат во градот на духови


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар