Уметнички дела претворени во прекрасни здолништа и фустани

Уметнички дела претворени во прекрасни здолништа и фустани

Кој вели дека познатите уметнички дела се само за на ѕид? „Purple Fishbowl“, бутик во Индонезија, создава прекрасни модели инспирирани од најголемите уметнички ремек-дела низ историјата. Започнувајќи од познатата „Ѕвездена ноќ“ на Ван Гог, па сè до „Водени лилјани“ на Клод Моне, целиот бутик е како музеј кој можете да го носите на себе. Таму можете да најдете елегантни кошули, здолништа, па дури и фустани со овие уметнички дела. Совршени за сите оние кои се љубители на уметноста.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар