Торта од сирење, капини и боровници со пишкоти

Торта од сирење, капини и боровници со пишкоти

Оваа лесна торта освежува и заситува, но и не содржи многу висококалорични намирници, што ја прави одлична за оние кои се на диета. Љубителите на овошните десерти ќе ја обожаваат!

Торта од сирење, капини и боровници со пишкоти

За подготовка на оваа торта се потребни 40 минути.

Потребни состојки за 4 лица:

  • 200 грама пишкоти
  • 100 грама капини
  • 100 грама боровинки
  • 3 јајца
  • 100 грама шеќер
  • 150 милилитри млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 400 грама свежо кравјо сирење
  • 300 милилитри готова шлаг пена
  • 5 листови желатин

Начин на подготовка:

  1. Јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер и млекото изматете ги на пареа или на оган додека не добиете пенест крем. Потоа додајте го желатинот, кој претходно сте го намокриле во студена вода и матете уште една минута.
  2. Изматете го сирењето со миксер додека не стане пенесто и потоа измешајте го со жешкиот крем.
  3. Изладете ја смесата на собна температура и во неа додајте половина од овошјето и шлагот.
  4. Во калап наредете ги пишкотите на дното и прелијте ги со кремот. На крајот нежно удрете го калапот од масата за кремот да ги пополни празните места. Наредете го и останатото овошје. Оставете ја тортата во фрижидер најмалку шест часа.

Добар апетит!

Дали знаевте дека боровинките го забавуваат стареењето?

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар