Јадете боровинки за да го забавите стареењето!

Овошјето треба да биде застапено во исхраната кај сите. Бидејќи боровинките се одлични за вашиот организам треба да ги вклучите во секојдневната исхрана. На жените им се советува да јадат храна со повеќе калциум и железо, додека пак мажите треба почесто да консумираат намирници богати со протеини и калории.

Јадете боровинки за да го забавите стареењето!

Мажите и жените немаат исти навики кога е во прашање исхраната и изборот на секојдневни намирници. Летото е идеално време да ги промените лошите навики и да го збогатите вашето мени со разновидни здрави намирници.

На мажите им се препорачува да јадат повеќе боровинки затоа што се богати со витамини А, Б и Ц како и антиоксиданти коишто го чуваат менталното здравје и мозокот од оштетувања.

Темните бобинки се посебно благотворни за припадниците на посилниот пол затоа што го смалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2, бидејќи помагаат за регулација на нивото на шеќерот во крвта, а богати се и со хранливи влакна и протеини.

Се препорачува од исхраната да се исфрлат пекарските производи затоа што изобилуваат со трансмасти коишто се штетни за кардиоваскуларниот систем.

Дознајте и колку овошје е здраво да се консумира.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар