Колку овошје е здраво да консумирате?

Колку овошје е здраво да консумирате?

Овошјето е клучно за здравата исхрана, но неретко луѓето мислат дека можат да го консумираат во неограничени количини. Па, дали ова е вистина или можете да си предизвика штета?

Колку овошје е здраво да консумирате?

За жал, претераното консумирање овошје може да биде лошо. Свежото овошје е богато со витамини и антиоксиданси, но сепак може да предизвика проблеми бидејќи содржи калории и јаглехидрати. Токму овие работи можат да го забават процесот на слабеење.

Разновидното овошје е важен дел од здравата исхрана. Но, постојат многу ситуации кога треба да намалите со консумирањето поради големото количество шеќери.

За разлика од гликозата, шеќерот кој завршува во мускулите, мозокот и органите и се користи за енергија, фруктозата може да му наштети на црниот дроб. Постои можност вишокот фруктоза да се претвори во сало, а телото ќе го складира како залиха за енергија.

Имајте на ум дека во процесот на слабеење важно е внесувањето калории и јаглехидрати. Една банана содржи 100 калории и дури 27 грама јаглехидрати, додека едно јаболко може да има и до 30 грама јаглехидрати .

Доколку сакате да ослабите, најдобро е да го намалите консумирањето јаглехидрати на 100 грама дневно. Во овој случај, 2 банани и 1 јаболко дневно би зафатиле околу 84% од препорачаниот дневен внес на јаглехидрати, а со нив ќе внесете и голем број калории. Па како и секој друг вид храна, и кај овошјето е потребна умереност.

Погледнете и кој е најдобриот дел од денот за консумирање овошје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар