Една од најубавите жени во светот е совршена и на 84-годишна возраст

Една од најубавите актерки на сите времиња, Софија Лорен, повторно ќе ја видиме на филмското платно, иако оваа дама одамна се повлече од светот на шоу-бизнисот. После паузирање од цела деценија, таа во нејзините 80-ти години снима нов филм кој го режира нејзиниот 46-годишен син Едуардо Понти.

Некогаш една од најубавите жени совршена е и на 84 години и повторно ќе ја гледаме на филмското платно!

Софија ја фотографирале на филмски сет во Бари, Италија, каде што носела долга и седа перика и била облечена во сина тоалета и сако, а во ова остварување ќе ја толкува улогата на жена која го преживеала холокаустот, а својот живот го посветила на чување деца на проститутки.

Нејзиниот лик во филмот носи црвени обетки и црна торба, а шминката е минимална и се состои од црн туш и кармин со месо боја. Покрај тоа што на фотографиите можеме да ја видиме Софија како е маскирана во филмски лик, сепак може да се забележи колку добро и сочувано изгледа иако веќе има 84 години!

View this post on Instagram

A post shared by دانستنی ها (@jaleb.ajib) on


Ова не е за изненадување со оглед на тоа што станува збор за жена која со години беше идеал за убавина и синоним за сексапил, а годините само ѝ донеле зрелост, но не ја нарушиле нејзината харизма, отменост и софистицираност.

Италијанката нè научи што значи да се биде вистинска дива, изјавувајќи: „Ве молам не ги поправајте моите брчки, ми требаше толку долго да ги заработам.

Софија последниот филм го снимила пред 9 години и се работи за телевизиско остварување со назив „Мојата куќа е полна со огледала“. Таа одлучила нејзините „пензионерски денови“ да ги посвети во уживање, но и грижа за семејството и внучињата. Сега ретко се согласува за интервјуа, но минатата година сепак дала едно интервју каде што испраќа порака дека треба да се води грижа за себе.

View this post on Instagram

A post shared by Sophia Loren (@simplysophialoren) on

„Животот е живот. Уживајте во времето што ви е дадено, а стареењето е составен дел од тоа време. Затоа уживајте и во стареењето. И чувајте се. Водете грижа за себе“, објаснила Софија.

Додала и дека е среќна што имала успешна и блескава кариера.

View this post on Instagram

A post shared by Gianmaria Tammaro (@jan_novantuno) on

„Мојата мајка би рекла дека сè што имам сум заслужила. И би била горда на мене. Мојот Карло само би се насмеал“, рекла Софија.

Додала и дека со сопругот Карло Понти, со кој била од 1966-та година, па сè до неговата смрт во 2007-та година, доживеала љубов на прв поглед. „Искрено се сакавме“, била кратка и јасна.

Софија и Карло Понти имале два сина – гореспоменатиот Едуардо (46) и Карло Јуниор (50).

Прочитајте ги и овие 10 животни вистини од Софија Лорен.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар