Претходно
Совршен новогодишен десерт: Вкусни елки кои се готови за 30 минути
Празничен десерт кои лесно се подготвува и изгледа неодоливо

Потребни состојки и начин на подготовка:
- Кокос, изрендан
- Корнети
- Мафини, однапред подготвени
- Крем од путер (или друг благ крем по ваш избор)
- Шлаг, обоен со зелена боја
- Декорации во форма на ѕвезди кои се јадат
- Бонбони во различни бои

Испечете ги мафините и поставете ги во зелени корпички, а потоа нанесете малку крем на рабовите.

Потопете ги мафините во кокосот

Погрижете се добро да го втиснете корнетот во кремот

А потоа со зелената шлаг пена декорирајте го така што ќе изгледа како елка

Сè што ви останува е да ја поставите ѕвездата на врвот и да ги распоредите лампионите

И секако да ги послужите овие вкусни елки






























