Со консумирање само органска храна од урината исчезнуваат сите отровни хемикалии

Сигурно сте слушнале дека органската храна е поздрава и дека нејзе треба повеќе да ја јадете од неорганската. Постојат многу скептици околу ова прашање, како и за сè друго. Меѓутоа, во Шведска решиле да направат чекор понапред и спровеле тестирање коешто покажало неверојатни резултати.

Шведскиот синџир за тргување со органска храна, Куп, одлучил да ја провери тезата колку е навистина важно дали храната што ја внесуваме е органска или не. За да го проверат ова, едно шведско семејство подлегнало на тестирања односно 2 недели консумирало само органска храна. Сè било следено од Шведскиот институт за заштита на околината.

Семејството никогаш не консумирало органска храна, а сега со јадење исклучиво органска храна во само 2 недели дошло до интересни заклучоци.

Како што кажавме погоре, сите знаеме дека за организмот е подобро да се консумира органска храна отколку преработена храна којашто содржи отровни хемикалии. За жал, во многу случаи поради незнаење за природата на храната на полиците во маркетите или поради превисоките цени, повеќето се „принудени“ да купуваат преработена храна.

Тестирање на урината

Пред да преминат на органска храна, членовите на семејството биле подложени на тестирање на урината во која биле пронајдени големи количини пестициди и хемикалии. После 2 недели, научниците повторно ги подложиле на тестирање и било воочено дека нивото на хемикалии во нивното тело драстично е намалено т.е. во повеќе случаи имало само траги од нив.

Како што веќе кажавме, тестовите ги спровел Шведски институт за истражување на околината, а семејството после нив почнало да јаде само органски производи.

Ова не е првпат научниците да ја истражуваат разликата помеѓу органска и неорганска храна. Неодамнешна студија којашто ја спровеле истражувачи од Универзитетот РМИТ, објавена во списанието „Environmental Research“, покажало дека со консумирање органска храна за само 1 недела значително се намалува количината на штетните хемикалии во нашиот организам.

Меѓутоа, јадењето органска храна не би требало да биде наша цел само поради нашето здравје туку и поради заштита на самата природа и околината. Имено, земјоделците што се занимаваат со производство на неорганска храна годишно трошат околу милијарда литри отрови хемикалии коишто не завршуваат само во храната што ја јадеме туку и во земјата и водата. Денес е добро познато дека тие хемикалии се едни од главните причинители за изумирање на пчелите како и други популации на инсекти.

Дознајте дали консумирате здрава храна во погрешно време.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар