Зошто не треба да чекате да бидете гладни за да јадете?

Зошто не треба да чекате да бидете гладни за да јадете?

Гладот може да биде знак дека вашиот метаболизам е вклучен и дека вашето тело работи како што треба. Но, гладот не треба да биде единствениот знак дека е време да јадете. Ако јадете само кога немате енергија, последиците може да бидат ужасни. Во продолжение прочитајте зошто гладот може сериозно да ги наруши вашите навики во исхраната.

1. Гладот доведува до прејадување

Зошто не треба да чекате да бидете гладни за да јадете?

Луѓето кои прескокнуваат оброци или јадат нередовно, честопати се прејадуваат за да ја надополнат храната што ја пропуштиле. На човечкото тело му е потребна стабилна исхрана на секои 3-4 часа за да избегнете забавување на метаболизмот и опаѓање на енергијата. Колку подолго време останувате без храна, толку се намалува нивото на шеќер во крвта, што резултира со потреба од шеќер во храната.

2. Гладот не помага во слабеењето

Зошто не треба да чекате да бидете гладни за да јадете?

Многу луѓе мислат дека ќе ослабат ако гладуваат. Но, ако вашата дневна исхрана ве остава да гладувате, нема да можете да издржите така многу долго. Внесувањето малку калории предизвикува итен режим во вашето тело, предизвикувајќи складирање на мрснотиите и согорување уште помалку калории. Вашето тело смета дека треба да заштеди калории за во иднина.

3. Мала е веројатноста да изберете здрава храна

Зошто не треба да чекате да бидете гладни за да јадете?

Сигурно се сеќавате на рекламата на Сникерс и на мудрата изрека: „Ти не си ти кога си гладен“. Кога сте гладни, најверојатно ќе посегнете по нездрава храна затоа што тогаш паѓа нивото на шеќер во крвта. Во тој случај, најверојатно ќе го јадете тоа што е пред вас, а тоа најчесто е некоја нездрава храна.

4. Не сте секогаш во можност да препознаете кога сте гладни

Зошто не треба да чекате да бидете гладни за да јадете?

Два хормони влијаат на регулацијата на гладот: грелин, кој го стимулира апетитот и лептин, кој го потиснува. Кога не сте јаделе долго време, нивото на грелин се зголемува. Откако ќе јадете, лептинот му кажува на вашето тело дека е полно.

Барометарот за глад не е секогаш точен. Понекогаш, особено откако сте држеле исцрпувачка диета, не сте навикнати да слушате што се обидува да ви каже вашето тело. Мозокот учи да управува со гладот според животниот стил. Тоа значи дека луѓето што секогаш јадат еднаш дневно, нема да чувствуваат глад. Но, тоа не значи дека јадењето еден оброк на ден е нормално.

5. Гладот е лош за вашето здравје

Зошто не треба да чекате да бидете гладни за да јадете?

Влијанието на гладот врз телото може да биде катастрофално, почнувајќи од влијание врз менталното здравје до зголемување на ризикот од хронични болести. Ако сте гладни, обично се чувствувате непријатно. Некои од симптомите што го придружуваат гладот се:

  • тешкотии во концентрацијата
  • слабост
  • вртоглавица
  • гадење и повраќање
  • раздразливост
  • главоболка
  • кркорење на стомакот
  • проблеми со спиењето

Како да го идентификувате вашиот глад?

Зошто не треба да чекате да бидете гладни за да јадете?

Научниците идентификуваа 3 различни видови глад: физички, психолошки и опортунистички. Физичкиот глад е нормален нагон за јадење кога немате доволно храна во стомакот. Психолошкиот глад е предизвикан од емоциите и тоа е желба за нешто друго, но не за храна. Најчесто станува збор за желба да се чувствувате подобро или посреќно или за некое друго силно чувство што се манифестираат како глад.

Опортунистичкиот глад значи дека јадете само затоа што гледате храна пред вас. Тоа нема никаква врска со вистинскиот глад, но храната е достапна, па зошто да не јадете. Најважно е да не ја измешате потребата да го наполните вашето тело со енергија со другите 2 вида глад.

Прочитајте зошто не треба да одите на спиење гладни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар