4 причини зошто не треба да одите на спиење гладни

Гладот има негативен ефект врз учењето и врз работењето, а може да предизвика и депресија. Многумина сè уште мислат дека одењето на спиење гладни е добра идеја затоа што може да ви помогне да ја намалите тежината. Но, науката го докажа спротивното, па дури и откри дека од изгладнување има повеќе негативни отколку позитивни ефекти.

1. Може да изгубите мускулна маса

4 причини зошто не треба да одите на спиете гладни

За оние што сакаат да ја зголемат мускулната маса, гладот е лош избор. Можеби ќе ја прескокнете вечерата, но ќе ви требаат хранливи материи за да ги претворите протеините во мускули. Добро е да ги прескокнете оброците подоцна во текот на вечерта, но немојте да го изложувате вашето тело на стрес така што секогаш ќе бидете гладни во текот на ноќта.

2. Може да се здебелите

4 причини зошто не треба да одите на спиете гладни

Да, тоа може да има спротивен ефект. Истражувањата кои промовираат губење на тежината со нејадење пред спиење се контроверзни. Негативниот ефект може да настане затоа што го прескокнувате оброкот, а потоа си правите вечера затоа што сте гладни. Со други зборови, храната станува двојно примамлива и одеднаш ризикувате да се прејадете. Во овој случај, голема е веројатноста дека ќе ја зголемите тежината.

Тврдењата дека метаболизмот е побавен во текот на ноќта се контроверзни и нема докази за тоа. Сепак, тоа не значи дека треба да имате обилен оброк пред спиење. Јадењето 2-3 часа пред спиење е во ред, сè додека станува збор за здрав оброк.

3. Може да спиете полошо

4 причини зошто не треба да одите на спиете гладни

На многу луѓе им се случило да спијат гладни. Стомакот ви испраќа сигнали дека е празен и единствената мисла што ја имате е дали ќе можете да останете гладни до следното утро. Во оваа состојба, ќе ви биде потребно многу повеќе време за да заспиете, па ако сакате да спиете добро, не гладувајте. Ако се чувствувате гладни, изедете една краставица и испијте малку вода наместо да јадете тост.

4. Ќе чувствувате недостаток на енергија

4 причини зошто не треба да одите на спиете гладни

Ако не јадете, немате „гориво“ за да бидете активни во текот на денот. Ова е старо правило. Многу е важно наутро да се чувствувате добро затоа што треба да одите на работа и вашиот мозок треба да биде активен. Истражувачите забележале дека несаканите ефекти од гладот може да бидат многу штетни, како што се заморот и депресијата. Ако останете гладни во текот на ноќта, кога ќе се разбудите ќе чувствувате недостаток на енергија и ќе имате лошо расположение, а тоа ќе биде штетно и за вас и за работата.

Прочитајте ги овие 3 едноставни чекори за слабеење без изгладнување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар