Смрзнати сендвичи со сладолед и парчиња чоколадо

Смрзнати сендвичи со сладолед и парчиња чоколадо

Слатко студено задоволство спакувано во крцкав сендвич

Смрзнати сендвичи со сладолед и парчиња чоколадо

Потребни состојки:
  • 115 грама маргарин
  • 70 грама кафеав шеќер
  • 50 грама бел шеќер
  • 2 лажици млеко
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • ¼ лажичка сол
  • 125 грама сенаменско брашно
  • 180 грама чоколаден чипс (или кршени парченца чоколадо)
  • Спреј за готвење
  • 1 литар сладолед со колачи, растопен
Смрзнати сендвичи со сладолед и парчиња чоколадо
Начин на подготовка:

1. Во голем сад, стопете го путерот заедно со кафеавиот и белиот шеќер во микробранова. Измешајте за да се соединат состојките. Додајте ја ванилата, млекото и солта додека и тие не се соединат. Додајте го и брашното и мешајте додека не добиете сосема хомогена смеса. Оставете ја смесата да се олади сосема (за да не се стопи чоколадниот чипс), потоа додајте го и чоколадниот чипс.

2. Наредете еднододруго две парчиња хартија за печење во тавче со рамни ќошиња, опфаќајќи ги убаво рабовите, така за хартијата да продолжува и преку границите на тавчето. Ова ќе помогне лесно да се подигнат и да се одлепат замрзнатите парчиња тесто.

3. Ставете половина од подготвеното тесто во тавчето и со рацете убаво притиснете го за да направите еднаков слој по целата површина.

4. Ставете уште две парчиња хартија за печење кои излегуваат од краевите. Нанесете малку спреј за готвење за да не се залепи смесата. Ставете го вториот дел од тестото и притиснете за да го направите вториот слој за сендвичите.

5. Префрлете ги краевите од хартијата врз тестото и оставете го во ладилник најмалку 1 час, но може да се замрзне и неколку дена претходно.

6. Со деловите од хартијата кои висат подигнете го горниот слој, а потоа и вториот.

7. Ставете пак две парчиња хартија за печење во тавчето. Излупете ја хартијата од едно парче од тестото и ставете го во тавчето со помазната страна надолу.

8. Истурете го омекнатиот сладолед со колачи (изберете некој што добро се тегне) и направете убав мазен слој. Излупете ја хартијата за печење и од второто парче и ставете го врз слојот со сладолед со мазната површина нагоре. Благо притиснете.

9. Покријте го тавчето со хартија и замрзнете го најмалку 2-3 часа, но по можност 6-8. Со долг остар нож кој прво ќе го поминете низ топла вода, па ќе го исушите со крпа, пресечете ги замрзнатите сендвичи на еднакви парчиња, при што ќе го повторувате процесот на натопување во топла вода пред секое засекување. Исто така, можете да ги фатите вишоците хартија по краевите и да го сечете колачот на рамна површина, за да не ви се поткршат краевите каде ножот потешко ќе проаѓа.

Смрзнати сендвичи со сладолед и парчиња чоколадо


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Лејла Reply

    Каде во Скопје може да се купи спреј за готвење?

Напиши одговор на Лејла Откажи одговор