Што треба да знаете за ракувањето со електричните уреди?

Што треба да знаете за ракувањето со електричните уреди?

Уредите управувани со електрична енергија се присутни на секој чекор. Знаете како да ги користите безбедно, но не е лошо одвреме-навреме да се потсетите за да избегнете пожар, електричен удар или некоја друга несреќа.

Што треба да знаете за ракувањето со електричните уреди?

Еве неколку основни упатства…

Каде и како безбедно да го наполните вашиот паметен телефон?

Повеќето понови паметни телефони можат да се полнат во текот на ноќта, но не и да се оставаат на перници, на ќебиња или на други меки и запаливи површини и материјали.

Имено, батериите се загреваат при полнење. На пример, дрвената или стаклената површина на масата доволно ќе ја разлади батеријата, но ткаенините многу повеќе ја задржуваат топлината и притоа може да настанe прегревање, па дури и да се случи експлозија. Покрај тоа, најдобро е да го користите оригиналниот полнач.

Како треба да ја замените светилката ако не знаете дали била вклучена кога престанала да работи?

Ова во основа е безбедно, но во никој случај не ги ставајте прстите во грлото на светилката. Ако светлото се запали додека се обидувате да ја замените светилката, исклучете го прво светлото (или осигурувачот за таа просторија), a потоа продолжете. Не е лошо да носите и обувки со дебел или гумен ѓон.

Дали треба да ги исклучите сите електрични уреди од штекер пред да ја напуштите куќата?

По правило, треба да исклучите сè што може да предизвика пожар. Фрижидерот и некои слични уреди можете да ги оставите вклучени.

Дали навистина пластичните заштитници на штекерите не се безбедни?

Не, ако имаат соодветен CE сертификат и три жични конектори, тогаш се безбедни.

Дали телевизорот треба да се исклучи за време на грмежи?

Обично за тоа нема потреба. Но, ако постои можност просторијата каде што е телевизорот да биде погодена од гром, тогаш треба да ги исклучите сите електрични уреди што немаат заштита.

Како да отстраните тост што се заглавил во тостерот?

Исклучете го тостерот од струјата и користете пластичен прибор со широки острици (на пр.: шпатула) за да ги отстраните заглавениот дел од тостот и неговите остатоци.

Што не треба да правите кога станува збор за електричната енергија?

Не користете електрични уреди, како што е косилката за трева во градината, без соодветна заштита бидејќи преостанатиот електричен набој може да биде фатален за вас и за вашето домаќинство.

Ако слушнете дека некој од вашите домашни уреди е повлечен од употреба, ослободете се од него.

Исто така, во текот на ноќта не оставајте активни уреди како што се машината за перење и машината за миење садови или фенот.

Овие електронски уреди трошат струја дури и кога се исклучени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар