14 нешта што љубезните луѓе секогаш ги кажуваат

Се работи за неколку љубезни фрази што ќе ви помогнат да станете пошармантни, да ги избегнете непријатните ситуации и тензичните моменти.

14 нешта што љубезните луѓе секогаш ги кажуваат

1. Здраво

Секогаш кажувајте здраво, особено во средините каде што ги среќавате истите луѓе постојано. Поздравувањето може да создаде позитивен впечаток за вас кај другите, велат експертите. Па дури и кога ќе сретнете некој непознат, поздравете го, зашто тоа можеби е вашиот иден директор, некој голем донатор или некој што му е важен на вашето семејство. Така ќе оставите позитивен впечаток и тоа другиот ќе го памети.

2. Ве молам

Според истражувањата, „Ве молам“ е фразата која треба секојдневно да се користи. Едноставното „Ве молам“ ја претвора наредбата во молба, а истовремено изразува почит и разбирање за лицето кому му се обраќате. Додавањето на еден едноставен збор може да го смени тонот на цел еден разговор.

3. Благодарам

Без разлика дали некој ќе стори нешто што не морал, како придржување на вратата за вас, или ќе ви направи кафе, заблагодарувањето е мал гест што го прави човек да се чувствува ценето, велат експертите. Запирањето за момент за да поразговарате со друга личност и да ѝ посветите внимание е чин на љубезност што кажува многу за вас.

4. Повелете и другпат

Откако ќе ви се заблагодарат учтиво е да одговорите со „повели и другпат“ или „ми беше задоволство“, но ако речете „не е проблем“ тогаш испраќате погрешна порака. Причината е поради тоа што така покажувате дека гестот бил премногу лесен за вас. Тајната се крие во малите сигнали што ги испраќате при комуникацијата со другите.

5. Пардон

Кога случајно ќе навлезете во личниот простор на друго лице, без разлика дали е тоа случајно или намерно, треба да се извините или да побарате дозвола велејќи „пардон“. На тој начин го свртувате вниманието на другиот, па може да започнете разговор, да прашате нешто или само да поминете при брзање.

6. Именување на другиот

Кога нудите некоја услуга или испраќате електронска пошта, пишувањето на името на тој кому му се обраќате е знак на почит. Кога некој го помни вашето име тоа значи дека сака да ви покаже дека ве цени и ве почитува.

7. Мило ми е што ве сретнав

Ова е најатрактивната фраза која можете да му ја кажете некому. Тоа значи дека некој е среќен што ве гледа, а тоа е најпозитивниот начин да се започне разговор.

8. Тоа е многу љубезно од вас

Прифаќањето комплимент понекогаш може да биде предизвик, затоа што не знаеме како другиот ќе го сфати тоа. Но, со оваа фраза се искажува благодарност и љубезност кога некој ќе ве пофали за нешто.

9. Изразување сочувство

Изразувањето сочувство е многу важно, но прави луѓето да се чувствуваат непријатно. Едноставно речете „жал ми е за вашата загуба“, не мора многу да зборувате. Важно е на соговорникот да му ставите на знаење дека се грижите за него.

10. Да се побара туѓо мислење

Кога ќе побарате од другиот да го сподели неговиот став за одредена тема, покажувате дека го цените и туѓото мислење. Ова ги прави луѓето да се чувствуваат значајно, а истовремено, така градите и позитивно мислење за вас.

11. Дали може некако да ви помогнам?

Кога ќе сретнете некого што се обидува да направи нешто, но не успева, знак на емпатија е да прашате дали му треба помош. Тоа ја надминува учтивоста и е знак на благонаклоност.

12. Веројатно

Веројатно е збор кој се користи кога „ќе се согласиме да не се согласуваме“. Луѓето го користат кога на љубезен начин сакаат да кажат дека не се согласуваат со ставот на другиот, без да предизвикаат конфликт.

13. (Не) би можел да присуствувам

Според стручните лица, важно е секогаш да одговарате на вашите покани. Мора навремено да кажете дека не сте во можност да присуствувате негде, за тој што ве поканил да може да го планира списокот на гости.

14. Забележав дека добро го правите тоа

Љубезните луѓе не ги монополизираат разговорите, туку секогаш наоѓаат начин да го вклучат и другиот. Тоа го прават со укажување на позитивните страни на другиот кој треба да се вклучи во разговорот. Така тој се става во позитивно светло и се охрабрува да зборува.

Прочитајте и за тоа како луѓето го создаваат своето мислење за вас врз основа на овие седум работи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар