Луѓето го создаваат своето мислење за вас врз основа на овие седум работи

Првиот впечаток е важен. Пред некого да запознаеме, го проценуваме неговиот карактер уште од првиот поглед, поточно од гласот, топлината на раката или изгледот. Луѓето ги проценуваме за да знаеме како да се однесуваме. Научниците тврдат дека постојат седум работи кои луѓето ги користат за го проценат нашиот карактер.

Луѓето го создаваат своето мислење за вас врз основа на овие седум работи

1. Температурата на вашите раце

Ако сте од оние кои секогаш имаат студени раце, тогаш за жал другите ве осудуваат кога се ракуваат со вас. Истражување од 2008 година открило дека луѓето ги перципираат другите како повеликодушни и помили кога во рацете држат шолја топло кафе отколку студено. Луѓето претпоставуваат дека поединците со топли раце се топли и љубезни, а оние со студени раце се бесчувствителни и безобразни.

2. Името

Истражување од 2018 открило дека името може да влијае на тоа како другите го оценуваат вашето однесување и карактер. Се смета дека женските имиња се потопли отколку машките.

3. Како реагирате на контактот со очите

Луѓето кои имаат тенденција да одбегнуваат контакт со очите се многу срамежливи и самосвесни. Обично интровертните луѓе имаат проблеми со одржување на контактот со очите подолг временски период, посебно за време на прва средба или кога се нервозни. Екстровертните луѓе и луѓето со голема самодоверба немаат проблем со тоа и можат да водат разговор без потреба да го тргнат погледот.

4. Што зборувате за другите

Можете многу да откриете за некого набљудувајќи ја неговата интеракција со луѓето околу него, посебно со луѓето кои имаат понизок статус. Како некој ги третира другите или што зборува за некого може многу да каже за големината на неговото его и количината на почитување и милост која ја има. Исто така, начинот на кој опишувате некого, може да каже дали сте среќна и емоционална личност.

5. Вашите црти на лицето

Досегашното искуство и она што веќе сте го научиле може да влијае на тоа како ги оценувате другите луѓе. Луѓето носат силни проценки според изгледот на лицето врз основа на претходни искуства и уверенија за нив. На пример, луѓето со детски црти на лицето делуваат пријатно и безопасно. Меѓутоа, тоа не е секогаш точно.

6. Глас

Другите можат лесно да го оценат вашиот карактер врз основа на вашиот глас, односно да препознаат самодоверба, доминација и способност. Без разлика на јазикот, истражувачите велат дека одредени гласови звучат агресивно или самоуверено.

7. Физички изглед

Физичкиот изглед навистина не треба да биде важен. Но, откриено е дека луѓето може да препознаат отвореност, симпатичност, осаменост и други особини кога ги набљудуваат другите во   природна поза.

Следно, прочитајте што начинот на кој ги држите рацете открива за вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар